Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов најави три компоненти за намалување на загадувањето во Скопје

0
By Нова ТВ on November 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 12, 2020 12:44

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска истакна дека постојат три компоненти со кои ќе се решава проблемот со загадувањето во Скопје. Првата е со зачестен инспекциски надзор на индустриските капацитети, потоа стимулација на граѓаните да го користат јавниот превоз наместо автомобилите, и организирано затоплување на домовите.

Тој посочи дека деновиве се врши сериозен мониторинг со цел опеделени индустриски капацитети да не ја злоупотребат малата видливост заради маглата, и да испуштаат недозволени гласови. Појасни дека мониторингот се врши секоја вечер со термални дронови.

„Ние работиме во коренот на решавање проблемот. Неколку пати општам со јавноста главните компоненти се три. Едната е овој инспекциски надзор кој што верувам ќе се согласите сите, Инспекторатот на Град Скопје е една од најактивните институции од тој вид и карактер во државата“ рече Шилегов.

Како што појасни, втората компонента е рашавање на јавниот транспорт, со што ќе се дестимулираат граѓаните да го користат автомобилскиот сообараќај. Оваа компонента градоначалникот рече дека ќе се спроведе на самиот крај, некаде после нова година, и треба да се имплементира до крај на 2021 година.

„Втората е на самиот крај, а тоа е решавање на јавниот транспорт со што ќе ги дестимулираме граѓаните да го користат автомобилскиот сообраќај имајќи во предвид дека кога ќе го воведеме тој концепт, таа смена на самиот крај, некаде после нова година се објавува јавната набавка, и тоа ќе се имплементира до крај на 2021 година. Ќе биде многу поекономично, поисплатливо и пологично да го користите јавниот транспорт како варијанта за превоз на луѓе отколку сопствениот автомобил“ рече Шилегов.

Додаде дека третата компонента е организирано затоплување на домовите, каде ќе бидат понудени социјални пакети, за и овие граѓани да бидат дел од централното греење, со што ќе се намали емисијата на штетните гасови од затоплувањето на домовите.

„Третата компонента, за мене клучна, е организираното затоплување на домовите. Тука имавме сериозна интервенција оваа сезона. Околу пет илјади оџаци во нашиот град помалку зарачат што не е доволно, суштинско е да градските енергетски системи, конечно Регулаторната комисија го реши проблемот кој што го имаме со издавањето на лиценца, со цел да трите мрежи ги добиеме и да можеме на граѓаните на организиран начин понудиме и социјални пакети да бидат дел од централното греење со што ќе се намали емисијата на штетните гасови од затоплувањето на домовите“ појасни градоначалникот Шилегов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.