Портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов денеска на прес-конфренција ги отфрли обвинувањата на министерот Спиро Ристовски за непотистички местења на тендери на Заев како невистинити и ја повика Владата доколку има сомнежи за незаконско работење да отвори соодветна законска постапка.
-Доколку има нешто незаконско во јавната набавка за којашто ВМРО-ДПМНЕ држеше прес конференција, немаше да говори Спиро Ристовски, туку Владата и владините институции веднаш ќе отпочнеа постапки против Заев или членовите на неговото семејство.
За посочената јавна набавка, спроведена е јана аукција, согласно Законот за јавни набавки, донесен од оваа Влада! Согласно законот е избрана најповолната фирма!
Ја повикуваме Владата, доколку има нешто незаконско, спротивно на кој било закон, тоа да го објави и веднаш да отвори постапки.
Доколку не го стори тоа, ќе стане јасно дека станува збор за гола прес конференција, за одвлекување на вниманието на јавноста од актуелните проблеми што ги тангираат граѓаните, а Владата треба да ги решава, но тоа тешко и оди.
Добро би било Никола Груевски, наместо да критикува за запазени законски процедури, да објасни зошто со државните институции се прават бројни директни договори за набавки, без воопшто да биде распишан тендер за јавни набавки, како и огромни анекси на договорите за јавни набавки, како што укажуваат анализите на речиси сите организации што ја следат оваа проблематика.
Ете, со тој начин на работа е доведена во прашање легалноста, но на трошењето огромни суми народни пари, на што треба да одговори премиерот Груевски, изјави Шилегов.




