На новинарско прашање како го коментира напишаното на госпоѓата Наташа Савова на Фејсбук дека актуелното раководство на СДСМ е канцерот на СДСМ и дека не би сакала да биде на листа на сегашниот СДСМ, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов со изјава:
– Ако е тоа нејзиниот став тогаш имаме да изјавиме две работи. Прво срамно е човек кој што е избран за пратеник од членови и подржувачи на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во време кога СДСМ задава сериозни удари на власта, да ја напаѓа својата партија и така всушност да обработува за интерес на власта. Второ, сметаме дека ако таа навистина ова го мисли единствено решение е да си поднесе оставка од функцијата пратеник на Социјалдемократскиот сојуз во Собранието на Република Македонија, рече Шилегов.
Oваа изјава на Шилегов доаѓа по ставот на Савова, напишан на нејзиниот ФБ профил, кoј го објавуваме во оргинал:
-хахаха :))) никако да се релаксираат од мене ситните брифери од сдсм… значи драги мои: 1. јас сама се повлеков и 2. и да ме поканите на листата на заев и шекеринска ке ви се заблагодарам на довербата, бидејки одбивам да бидам на листа на екипа која е “канцерот на сдсм” (цитирам изјава за вас на успешен министер од времето кога сдсм победуваше).
продолжете да си се натпреварувате со вмро кој повеке станови купил и градежно земјиште поделил…
Нејзиниот статус е одговор на текстот на Дневник- Макрадули, Савова, Бендевска и Станковиќ не се на листата на Заев?





