Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Скандалот се шири-нови фирми на Ивона Талевска и Драган Павловиќ-Латас

0
By Нова ТВ on January 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Медиумскиот скандал се шири, со овие зборови портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов го најави објавувањето на нови документи за бизнисот на уредничката во Сител Ивона Талевска, но и на главниот уредник Драган Павловиќ- Латас.

Градски парк, Градски стадиот ББ, Скопје, не е седиште само на телевизија Сител. Не е седиште само на семејната фирмата „Висарис МКД“ на Ивона Талевска добинтик на милионскиот тендер во здравството.

На Градски стадион ББ не може да се изброи кои се фирми постојат, колку се во фаза на бришење а колку биле основани па ликвидирани.

Сопственици на неколку фирми се или биле:

– Главниот и одговрен уредник на телевизија Сител, еден од најголемите медиумски поддржувачи на власта и куќен пријател на Груевски, господинот Драган Павловиќ Латас и

– Неговата соработничка и омилената уредничка на Никола Груевски, бизнисменка, Ивона Талевска.

Ова се официјални документи од Централниот регистар на Република Македонија, рече Шилегов.

Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска се основачи на СМАРТ АНАЛИТИКС Скопје, субјект регистриран како Здружение за анализа и истражување на пазарот. Згора на сé, Ивона Талевска во СМАРТ АНАЛИТИКС е овластено лице и тоа со неограничени овластувања.

Седиште на овој субјект е Градски Парк, Градски стадион ББ, Скопје.

Главниот и одговорен уредник на вестите на Сител, Драган Павловиќ, е еден од основачите на фирмата „ТОТАЛ МЕДИА ДОО Скопје“, веќе во фаза на ликвидација. Седиште: Градски стадион ББ, Скопје.

Куќниот пријател на премиерот Никола Груевски, уредникот Латас, и партнерката уредничка и бизнисменка, Ивона Талевска, се меѓу основачите и на повеќе правни субјекти кои се водат како избришани во Централниот регистар а чие што седиште е Градски стадион ББ.

Латас, според овие документи бил меѓу основачите во друштвото за комрецијални услуги „ЛИНЕА МЕДИА ДОО Скопје“, на здружението за развој на младинско општество „МЛАДИНСКИ ЛИДЕРИ-Скопје“, и фирмата „ТОТАЛ МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ДООЕЛ-Скопје“.

Ивона Талевска се јавува како овластено лице во субјектот „Коперник асоциатион Скопје“, здружение за младинско општество, демократија и европски вредности, адреса Градски парк, Градски стадион ББ, Скопје.

Како основач Ивона Талевска фигурира и во „Смарт центар ДООЕЛ“ експорт-импорт, со приоритетна дејност „огласување преку медиуми“ која исто така се води на Градски парк, Градски стадион ББ. Двете фирми се избришани од Централниот регистар во текот на минатата година.

Овие информации потврдуваат регистрирање на низа субјекти на една иста адреса, Градски стадион ББ, Скопје, официјалната адреса и на Сител телевизија. Ова упатува на мега медиумска афера и можна бизнис спрега на релација власт медиуми.

Прашуваме што се работеле овие новинари-уредници, преку овие фирми, паралелно со новинарската професија и за чии интереси?

Премиере Никола Груевски уште ли ќе молчите? Во името на основните демократски вредности, во името на слободата на изразување и во името на борбата против корупцијата во медиумите излезете пред македонската јавност и одговорете:

Што се случувало и се случува на Градски стадион ББ, Шилегов го праша премиерот Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.