Петре Шилегов, порпаролот на СДСМ, денеска обелодени доказ што го открива системот на скандалозното поставување командири по партиска директива на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ вчера објави дека министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска сама именуваат командир на полициската станица во Горче Петров, без за тоа да има одлука од општински совети.
Шолегов обелодени партиски налог од месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од село Мороишта, со кој се бара од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струга, да го врати на позицијата командир, сменетиот Ацо Попоски.
„Ацо Попоски кој бил полициски командир, а ВМРО-ДПМНЕ го разрешиле, треба да го вратат на таа позиција, бидејки за време на кампањата за изборите во 2006-та година тој одработил за ВМРО-ДПМНЕ. Или како што стои во ова писмо, Попоски, како истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ, имал голем придонес за остварените резултати на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2006-та година. Преку неговиот ангажман “од врата на врата“!“, објави Шилегов.
– Значи командир на полициска станица одел од врата на врата за време на изборна кампања!
– Значи да биде награден за притисоците што ги правел врз граѓаните во овој регион од позиција на полициски командир!

Документот открива и дека командирот Ацо Попоски имал придонес во обезбедување спонзорства и донации во тек на предизборната кампања, како и обезбедување средства за потребите на селото Мороишта.
– Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ по овој допис од нивниот месен комитет, го вратиле Попоски полициски командир за сообраќај во Струга. Командирот Ацо Попоски останал на таа позиција до пред година ипол, кога заминал во пензија, рече портпаролот на СДСМ.




