Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Срамна е црната кампања против мене со еден документ целосно ја демантирам

0
By Mirjana on October 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 21, 2021 14:37

Во изминатите четири години го водев Скопје одговорно, чесно и посветено. Мојата единствена мисла беше изградбата на Скопје како модерна европска престолнина. Заедно направивме многу, започнавме развојни и инфраструктурни проекти кои 27 години беа запоставувани на штета на
скопјани. Зад мене и мојот професионален тим има видливи и мерливи резултати. Убеден сум дека скопјани ќе ги препознаат и нема да дозволат тие да запрат, а Скопје повторно да назадува, со овие зборови градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја започна денешната прес-конференција.

– Денес ќе зборувам за недозволивата и срамна црна кампања која против моето семејство и мене ја води ВМРО ДПМНЕ. Кампања на лаги која за жал ја поддржува и мојата противкандидатка. Таа кампања господине Мицкоски и госпоѓо Арсовска е под секое цивилизирано ниво. Тоа што го правите
е една од најлошите карактеристики на политичарите. Кога аргументи за работењето не постојат тогаш лагите ги користите како единствен начин за битка, продолжи Шилегов обраќајќи им се на противкандидатката Данела Арсовска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Уште пред почетокот кампањата, побарав од кандидатите да влезат во оваа кампања фер без лаги и конструкции за лична клевета на секој кандидат. Апелирав да се соочиме со аргументи, а не со подметнувања. Да соочиме проекти кои им се потребни на скопјани, да водиме кампања за реални
теми кои се важни за луѓето, а не со лаги. За жал, очекувано, ВМРО ДПМНЕ, како и во целото свое делување, остана доследна на политиката на измама и злонамерни конструкции, како што им правеше долги 27 години на граѓаните на Скопје, додаде Шилегов.

– Денес сум тука со документи да ги демантирам сите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и сите зборови искажани од митинзите за тоа колку и како сум ја злоупотребувал мојата функција и незаконити приходи. Овој документ, кој патем е изработен токму на барање на ВМРО-ДПМНЕ од страна на УЈП, потврдува дека мојата имотна состојба и сè што поседуваме јас и моето семејство е еднаква и соодветствува со пријавените приходи и платени даноци. Овој документ потврдува дека ниту еден денар повеќе од она за што сум го пријавил и за што сум платил данок немам потрошено, нагласи Шилегов.

– Ќе престанете ли конечно да лажете и ќе почнете ли конечно да се соочувате со аргументи? Политиката мора да биде лишена од лаги, драги госпоѓо Арсовска и господине Мицкоски. Ние сме тука за луѓето, не се луѓето тука за нас. Престанете да ги лажете, ова се нашите граѓани кои бараат сериозност и решавање на своите проблеми и потреби. Вие за разлика од мене, нудите само лаги. Жал ми е што е тоа вашата единствена агенда. Нашите граѓани не го заслужуваат тоа, им порача Шилегов на Мицкоски и Арсовска.

– Скопје не смее да застане сега. Силно верувам дека го препознавате трудот, храброста и напредокот кој Скопје го направи изминатите четири години. Силно верувам дека сакате тоа да продолжи по истиот пат и да го завршиме она што заеднички го почнавме. За тоа да се случи треба да се обединиме. Треба да излеземе масовно на гласање и да потврдиме дека Скопје продолжува напред.
Да го оставиме на страна целото политиканство со кое сака да ве замајува ВМРО-ДПМНЕ. Ако верувате дека после години стагнација храбро тргнавме во решавање на проблемите, излезете и поддржете го напредокот. Јас ќе продолжам уште посилно да работам во ваш интерес, повика градоначалникот
Петре Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

демантира црна кампања против него Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.