Иво Павлов, телохранител на премиерот Никола Груевски и воедно близок роднина (девер) на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Виница, Елена Павлова, исто така дошол до стан во зградата на ВМРО, објави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ.
Тој посочи имотен лист, според којшто, телохранителот на премиерот Иво Павлов, заедно со својата сопруга Виолета, склучиле договор за купување на стан во зградата на ВМРО пред три месеци, во ноември 2013 година, каде што становите се движат од 100 до 200 илјади евра.
„Сега Иво Павлов е сосед и со неговата официјална шефица, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која има стан во истата оваа зграда. Улица „Димче Мирчев“ број 20.
– Токму Иво Павлов, телохранител на Груевски, е еден од основачите на познатата фирма „Аналитико АИ“ во 2005 година. Заедно со Ален Зекиров, поранешен телохранител на директорот на УБК и братучед на премиерот, Сашо Мијалков. Во којашто, како што и е познато на јавноста работеле дел од високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ: Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Канческа Милеска, Александар Бичиклиски, рече Шилегов.
Како што потсети тоа е фирмата со којашто се поврзува аферата со склучениот договор со Телеком за маркетинг услуги и дистрибуција на СИМ картички. Што беше предмет на истраги и на странски истражни органи.




