„Првостепената пресуда за мене беше очекувана, бидејќи е се поочигледно дека во Република Македонија кога зборувате вистина којашто се однесува на функционерите на ВМРО ДПМНЕ, тоа чини, реагираше денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, откако судот донесе одлука тој да и плати на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска 500.000 денари за клевета и нарушен углед.
– Токму ваквата одлука ја потврдува мојата лична одлука, како адвокат и да се занимавам со политика, меѓу другото, за да се поправат состојбите во судството.
– Самиот факт што функционерите на ВМРО ДПМНЕ, врхушката на ВМРО ДПМНЕ, нема храброст да се појави ниту во судница, туку се крие зад скапо платените реклами или зад институциите, вклучително и судот, говори за состојбата во којашто се наоѓа македонското општество“, рече Шилегов.
Министерката Јанкуловска ниту еднаш не се појави во судот.
Јанкуловска во септември минатата година го обвини портпаролот на СДСМ Петре Шилегов дека не ја кажува вистината кога вели дека купила станови од 200 квадрати и наведува дека ниту законски ниту незаконски заработила 200.000 евра за пет години.
Шилегов предходно презентираше документи според кои Јанкуловска за становите вредни 200 илјади евра, подигнала кредит од Шпаркасе банка во вредност од 90 илјади евра во јануари 2012 година, а само за година и 9 месеци вратила 75 илјади евра со две административни плати.




