Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов вели дека ВМРО ДПМНЕ и самата врхушка власт по секоја цена ги избегнуваат медиумските реформи.
Како што рече тој, преговори за медиуми воопшто не би биле потребни доколку ВМРО ДПМНЕ и Груевски ги прифатат забелешките од меѓународната заедница, бидејќи тие биле единствените од четирите партии кои ги одбегнувале овие реформи.
На денешната прес конференција Шилегов се осврна на неколку фирми на уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас за кои вели дека се неактивни, а остварувале приходи од илјадници евра.
– Јавноста знае дека Драган Павловиќ Латас куќниот пријател на Никола Груевски е управител или сопственик на неколку фиорми преку кои врти илјадници евра. Но зошто, фирмите на Латас и Ивона Талевска со седиште на Градски стадион бб се неактивни? На пример, Тотал маркетинг ДОЕЛ Скопје со нула вработени каде управител е главниот и одговорен уредник на Сител од 2001.година остварила приход од 264.000 евра, изјави Шилегов.
Тој дополни дека истата фирма до 2014.година остварила приходи од речиси 690.000 евра.
Портпаролот на СДСМ посочувајќи на овие податоци рече дека токму противењето на медиумските реформи се ништо друго освен штитење на бизнис интересите и личното богатство на главните уредници на Никола Груевски.




