Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Зошто Груевски, Тодоров и Талевска молчат за зделката

0
By Нова ТВ on January 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 11, 2014 16:13


СДСМ бара од премиерот Груевски, да не се крие и да не молчи, за како што ја нарече на денешната прес-конференција портпаролот Шилегов, досега невидената корупција во медиумите, што ја отвора овој скандал.

– Премиерот Никола Груевски молчи за бизнисот од 40 илјади евра даден на мајката на уредничката на Сител, Ивона Талевска. Молчи и министерот за здравство Никола Тодоров. Молчи и Ивона Талевска. Сите тројца вчера не кажаа ни збор за доделениот бизнис на фирмата во која одговорна за контакт со трговијата на медицинска опрема е уредничката Талевска, рече Шилегов, и посочи дека молчат затоа што зделката што вчера ја обелодени СДСМ е ситница во однос на бизнисот кој Владата го доделила на семејната фирма на уредничката-бизнисмен Ивона Талевска.

Во однос на тоа, портпаролот Шилегов претстави и документ кој покажува дека фирмата на Талевска добила од Премиерот и министерот Тодоров, и бизнис во здравството во износ од над еден милион евра.


Овој документ покажува дека министерството на Никола Тодоров склучило договор со фирмата во која мнозински сопственик е мајката на Ивона Талевска, во вредност од 62 милиона 701 илјада 048 денари.

– Милион евра пари на граѓаните завршиле или ќе завршат на сметката на фирмата на Талевска, напомена Петре Шилегов.

Според него, додека едни новинари скапуваат по затворите, многумина новинари професионалци се на улица, некои чесно едвај доаѓаат до егзистенција, а други ги одработуваат агендите на власта за нецели 200 евра.

Тој упати апел до Груевски: Вака ли го раните медиумското „чудовиште“ кое изеде егзистенции на илјадници луѓе во земјава, криејки ги вашите криминали и создавајки со лаги непостоечка реалност? Вака ли се купуваат уредници? Со милиони евра пари на граѓаните? Затоа ли медиумите контролирани од вас и уредниците поставени од вашата Влада, вклучително и националниот сервис Македонската телевизија, воопшто не го објавија вчерашниот прес на СДСМ за овој тежoк скандал?!

Јавноста, рече портпаролот на Социјалдемократскио сојуз, очекува одговори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.