Шиповиќ ниту имал намера да бега ниту планира да бега, а својата невиност ќе ја докаже пред македонските судови, нагласи денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
„Екстрадацијата е одобрена на негово лично барање јасно и искажано и повторено пред австрискиот суд, иако тој можел да бара заштита од тој суд. Документот за екстрадиција јавно е потпишан на 4ти ноември но, нашето министерство ја примило официјално информацијата на 6 ноември. Даден е јасен рок во согласност со Европската конвенција за екстрадиција во кој тој треба да биде превземен, по кој рок следуваат други мерки предвидени со истата Конвенција…денес е 14 ноември а Шиповиќ не е во Македонија“, изјави портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз, врз основа на тоа што „веста за есктрадицијата досега во медиумите е проследена со дезинформации и полувистини“.
Тој соопшти дека од СДСМ не знаат зошто МВР се уште не праќа свој претставник за да го преземе претседавачот со Советот на општина Центар, и дека неговата партија бара Шиповиќ да се брани од слобода.




