Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов:Бонева скрила од Антикорупциска стан во центар на Скопје од 180.000 евра

0
By Нова ТВ on January 22, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 22, 2014 15:29


Портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов, излезе со документи за, како што рече, скриен стан од Антикорупциска, на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Вредноста на станот е околу 180 илјади евра.

-Власта крие милионски тендери дадени на своите омилени уредници. 

Власта крие милиони евра кои во само 7 дена се префрлени на нивните омилени телевизии. 

Власта ги крие своите тендерски фаворити преку анекс договори што достигнуваат и до десетици милиони евра по проект.

Денеска ќе покажеме нови конкретни докази како власта го крие и својот имот.

Еве го Анкетниот лист за имотната состојба на Силвана Бонева, координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со денешен датум.

Во Антикорупциската комисија, Бонева, на нејзино име пријавила автомобил опел Астра, девизни заштеди од 7 илјади евра на нејзина книшка и 10 илјади евра на штедна книшка на сопругот, куќа од 82 квадрата во Струмица како имот на родителите и заштеда на име на своите деца од 375 евра.

Тоа е впишано во Анкетниот лист на Силвана Бонева.

Еве што не стои во Анкетниот лист на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е тоа што Силвана Бонева ГО КРИЕ од Антикорупциската комисија и од јавноста.

Стан во центарот на Скопје со пазарна вредност од околу 180 илјади евра!

Еве го Имотниот лист на синот на Силвана Бонева, Орце Бонев, достапен преку интернет.

Тој покажува дека на улица Димче Мирчев број 20, синот на Силвана Бонева е сопственик на стан од 109 квадрати, вреден преку 150 илјади евра, со подрум од 44 метри квадратни со пазарна вредност од околу 22 илјади евра. Значи Орце Бонев нема само дел од заштедата од 375 евра што ја пријавила во Анкетниот лист неговата мајка, координаторка. Тој има и стан од околу 180 илјади евра, што Силвана Бонева, го крие.

Ете така Боневи од 80-квадратната семејна куќа во Струмица се прошируваат и со стан во центарот на Скопје во вкупна вредност од околу 180 илјади евра!

Интересно е дека овој непријавен стан на Силвана Бонева т.е на нејзиниот син, се наоѓа во истата зграда каде што министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска криеше квадрати и легализираше мансарди. Сопартиско соседство.


Прашуваме:

Зошто го криете станот во центарот на Скопје од Антикорупциската комисија и од јавноста госпоѓо Силвана Бонева?

Дали и Вие како и министерката Јанкулоска сте мирни дека институциите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ ќе го покријат вашето несразмерно богатење?

Ова ли е “чесното“ ВМРО-ДПМНЕ господине премиер Никола Груевски?

Ете како власта на Никола Груевски зборува за борба против корупција, гони криминалци за 10 евра, ама преку ноќ купува големи и скапи станови. И не ги пријавува во Антикорупциската комисија. И ги крие од јавноста. И не одговара за тоа, изјави Шилегов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.