Претседавачот на Општина Центар Миодраг Шиповиќ, уапсен е утрово на Виенскиот аеродром, потврдија за НОВА извори од СДСМ.
Шиповиќ за денеска го најави своето враќање во Македонија со летот од САД до Франкфурт-Виена-Скопје. Не е познато дали ќе биде веднаш екстрадиран во Македонија или тоа дополнително ќе се договара.
„Не можеа да дочекаат. Го уапсија Шиповиќ уште во Виена, додека го чекал летот за Скопје. Па нели вчера не’ убадуваа дека не распишале меѓународна потерница?“, напишa пред малку на својот ФБ профил, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Вчера по барање на Судот, полицијата распишала меѓуародна потерница.
Во вчерашното интервју за НОВА Шиповиќ изјави дека е невин за обвиненијата за кои се терети додека бил на раководна функција во Машинопромет, и додаде дека се работи за политички процес а не криминална истрага.
Шиповиќ изјави дека нема намера да се повлече од претседавачкото место од Советот на Центар.




