Според процедурите, на Шиповиќ ќе му биде одреден најпрвин екстрадиционен притвор, кој може да тре два до три дена, а потоа се очекува тој да биде пренесен во Македонија.
Иако по Шиповиќ првично имаше распишано само интерна потерница, вечра МВР по барање на судот распишале и меѓународна потерница.
Врз таа основа Шиповиќ утрово беше уапсен на виенскиот аеродром, враќајќи се од САД во Скопје преку Франкфурт и Виена.
Во вчерашното интервју за НОВА Шиповиќ изјави дека е невин за обвиненијата за кои се терети додека бил на раководна функција во Машинопромет, и додаде дека се работи за политички процес, без истражна постапка.
Шиповиќ изјави дека нема намера да се повлече од претседавачкото место од Советот на Центар.
Неговите подржувачи преку сцијалната мрежа Фесбук за денеска напладне најавија протест пред Основниот суд 1 на пладне. Во повикот на ФБ се вели: Целта е да се собереме во што поголем број и дадеме силна порака дека Шипо е невин и дека треба се брани од слобода. Сите што можете смогнете сили и да дадеме подршка во 12 час.
Да не дозволиме апсењето на неистомислениците да стане традиција. Денес Шипо утре може да биде секој од нас, се вели во повикот на поддржувачите на претседавачот на Општина Центар, Шиповиќ, на ФБ.
На прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера истакна дека Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ со институционално насилство да ја превземат контролата во Општина Центар.
СДСМ повеќе нема да учествува во работната група во Собранието за 24 декември, а нејзините градоначалници го замрзнуваат своето учество во ЗЕЛС, објави лично лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Либерал-демократите синоќа донесоа одлука да се придружат на протестот на СДСМ.
Сепак, по притворањето на Шиповиќ постои голема веројатност за блокада на Советот на Општина Центар, изјавуваат за НОВА од Центар.
Блокирањето на Советот би се случило доколку Шиповиќ го врати мандатот и оттука, би останале 11 члена на ВМРО-ДПМНЕ и 11 на СДСМ, со што во игра влегува Љубомир Медарски од ВМРО-НП.




