Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шкотска гласаше ‘Не’: Што ќе се случува сега?

0
By Нова ТВ on September 21, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Засега, тоа значи дека државата ќе продолжи да биде составен дел на Обединетото Кралство – но за Шкотската деволуција, процес на пренесување на надлежности од Вестминстер врз шкотскиот Парламент, ова не е секојдневна работа. Фокусот ќе биде поставен на тоа како владата на Обединетото Кралство ќе го исполни своето ветување за пренесување на повеќе надлежности врз шкотскиот Парламент, со седиште во областа Холируд во Единбург. Еве што е веројатно да се случува следно.

Повеќе овластувања

Трите најголеми британски партии – Конзервативната, Лабуристичката, и Либерал – демократската, се согласни дека мора да се изврши понатамошно пренесување на надлежности врз Холируд. За време на кампањата за референдумот, партиите се обврзаа да пренесат повеќе надлежности доколку Шкотите ја отфрлат независноста.

Веднаш по објавувањето на резултатите, премиерот Дејвид Камерон , со цел да покаже дека владата на Обединетото Кралство се придржува до иницијативата, го постави Лордот Смит од Келвин, поранешниот управител на Би-Би-Си, да го надгледува спроведувањето на процесот на пренесување на надлежности во даночната управа, јавното трошење и социјалната сфера.

Разлики меѓу партиите
Моментално, шкотскиот Парламент е финансиран преку блок дотација и сумата која што ја добива е одредена со формулата на Барнет – аранжман за прилагодување на средствата за Шкотска, Велс и Северна Ирска, наменети за областите во кои имаат надлежности, врз основа на бројот на население. Сите три партии се обврзани да ја зачуваат суштината на механизмот во некоја форма. Но, во предлозите поставени од партиите оваа година, секоја од нив му понуди на Холируд значајно зголемени надлежности во однос на даноците, отколку што има шкотскиот Парламент. Сепак, имаше големи разлики меѓу партиите во предложениот обем на ваквите промени.

Што значи гласот ‘Не’ за Шкотска и за остатокот од Велика Британија

И покрај предлозите и понудите на трите најголеми британски партии, ништо од тоа не е доволно за Шкотската национална партија и нејзиниот лидер Алекс Салмонд, но како што договорот од Единбург го обврза премиерот Дејвид Камерон да го почитува резултатот од референдумот, истото важи и за шкотскиот прв министер. Г. Салмонд можеби не го посакуваше тоа, но тој сеуште е на чело на шкотската Влада и ќе има клучна улога во обезбедувањето на зголемени надлежности за Холируд.

Преговорите
Британските политички партии ќе мора да ги надминат разликите и да излезат со заеднички предлог. Но другите исто така ќе бидат вклучени. Пред основањето на шкотскиот Парламент во 1999 година, британската Влада ги постави пренесените надлежности во бела книга во јули 1997 година, пред да бидат поддржани од гласачите и усвоени во законодавството. Новото тело на Лордот Смит за завршување на процесот на пренесување на надлежности врз Холируд може да се гледа како модерна верзија на истата организација.

Што ќе се случува сега со Шкотската национална партија (СНП)? Во блиска иднина, партијата ќе се врати во Владата, каде што беше убедлив победник на последните избори за шкотскиот Парламент. Сите погледи се вперени на годишната конференција во Перт, која е одложена од Октомври за Ноември.
Алекс Салмонд вети дека ќе ја извршува неговата функција како прв министер најмалку до следните избори во 2016, но тоа нема да ги спречи некои политички ривали да пробаат да го означат како некој вид на “грдо пајче”, термин позајмен од Американската политичка сцена.
Сепак, имајќи ја во предвид големата победа на СНП на минатите избори, има голема веројатност дека партијата ќе победи и на наредните избори за шкотскиот Парламент, посебно доколку гласачите сеуште чувствуваат дека лабуристите не направиле доволно за повторно да ја освојат нивната доверба за да бидат дел од Владата. Во одреден момент ќе има натпревар за лидер на СНП, а позната е листата на кандидати кои веќе пројавија интерес, а заменикот на првиот министер Никола Старџон се смета за главен фаворит. Но, можеме да очекуваме влез во рингот и на поранешните предизвикувачи на лидерот, Алекс Нил и Росан Канингем, кои исто така се членови на шкотската Влада.

Остатокот од Велика Британија

Со зголемената деволуција кон Холируд, многу луѓе ќе сакаат да го постават таканареченото прашање од западен Лотиан: дали е исправно англиските пратеници да немаат надлежност врз деволвираните прашања во Шкотска, а шкотските пратеници во Вестминстер да имаат право да гласаат за истите прашања што ја засегаат Англија? Неодамнешната анкета на “Ју-Гов” покажува дека 62% од Англичаните сметаат дека треба да им биде забрането на шкотските пратеници да гласаат за закони кои се однесуваат исклучиво на Англија.

Дебатата за иднината на Шкотска ја разбранува јавноста, но страста на моменти преминуваше во гнев, па затоа приоритет ќе биде обединување на нацијата. Првиот чекор е во недела, кога шкотската црква ќе одржи “служба за помирување” во катедралата “Свети Жил” во Единбург.
Отецот Џон Чалмерс, лидер на генералното заседание на црквата, вели дека идејата на службата е да се “изрази нашата великодушност и во победа и во пораз, и да се изрази нашата заложба за да работиме заедно за иднината на Шкотска “.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.