Граѓаните на Шкотска утрово од 7 часот гласаат за тоа дали земјата треба да остане во Велика Британија или да стане независна држава.
Гласачите ќе одговорат со „Да” или „Не” на референдумското прашање: „Дали Шкотска треба да биде независна земја?”
4.285.323 луѓе – 97% од електоратот – се регистрирани да гласаат, а се очекува историски висок одѕив, јавува Би-Би-Си.
Граѓаните гласаат на 2 608 избирачки места низ целата земја до 22 часот денеска. Резултатот се очекува утре наутро.
Строгите правила значат дека Би-Би-Си заедно со другите радиодифузери не смее да објавува детали за кампањата се дури не се затворат избирачките места.
Гардијан преку анимација претставува како би изгледала Шкотска доколку стане независна држава детално објаснувајќи што би се сменило.