Доцна синоќа беа објавени првичните резултати од гласањето на рефередумот за независност на Шкотска.
54,21% од гласачите се изјаснија за тоа Шкотска да остане во Велика Британија наспроти 45,79% кои ја поддржаа иницијативата за независност на Шкотска. Овие резултати се од преброените гласови во 24 од вкупно 32 области.
Приврзаниците на Велика Британија беа убедливо побројни во Глазгов кој е најголем град. Од вториот по големина град во Шкотска се уште се очекуваат резултатите иако се претпоставува дека исходот од гласањето во Единбург нема да може да ги промени драматично првичните резултати во корист на оние кои се против независноста на Шкотска.
Денеска се очекува изја,ва на кралицата но и на премиерот Камерон кој треба да соопшти поконкретно кои се мерките со кои ќе се зајакнат механизмите за зголемувањето на автономијата на Шкотска во рамките на Велика Британија како што самиот вети пред гласањето во обид да ги засили позициите на противниците на независноста.