Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шкријељ: Лицата без лични документи за првпат ќе добијат извод

0
By Нова ТВ on February 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата без лични документи. Со Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени што го усвои Собранието, обезбедена е институционално-правна рамка за тие, конечно, да добијат граѓански идентитет, соопшти денеска кабинетот на дополнителната министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

Целта на овој закон е лицата кои не се евидентирани во матична книга на родени да се евидентираат во посебна матична книга на родени, по што ќе добијат идентификациска исправа (лична карта) заради остварување право на образование, здравствена и социјална заштита како и вработување со задолжително социјално осигурување. За овие лица, Законот предвидува постапка за дополнителен упис во матична книга на родените и добивање прв извод.

„Проблемот со лицата што не се евидентирани во матична книга на родени е нотиран одамна, но бил игнориран од надлежните институции. Такви лица, наспроти јавната перцепција, има од сите етнички заедници. Наша определба во изминатите две и пол години беше дека овие лица, кои најчесто се од најранливите општествени слоеви, не смееме да ги оставиме да живеат на маргините на општеството. Затоа почнавме со систематско и фазно решавање на ова прашање, во соработка со другите институции: МВР, Управата за водење матични книги и центрите за социјална работа, како и со силна поддршка на меѓународните организации, ОБСЕ и УНХЦР. Беа идентификувани околу 700 лица без извод на родени, и тие согласно новиот Закон ќе добијат идентификациона исправа а потоа и прв извод од матична книга на родени“, вели дополнителната заменик министерка Шкријељ.

Таа додава дека Законот овозможува решавање на реалните проблеми со кои со години се среќавале овие луѓе, а биле невидливи за заедницата.

„Со новиот Закон, ќе се овозможи на лицата кои немаат и не можат да пријават адреса на живеење поради различни причини, како што е нелегализиран објект или непоседување имотен лист, да пријават адреса на живеење и да се евидентираат на адресата на центарот за социјални работи во местото на нивното живеење“, нагласува Шкријељ.

Со имплементацијата на овој Закон, една маргинализирана категорија на граѓани станува правно видлива, со што Република Северна Македонија покажува дека ги почитува демократските вредности и исклучувањето на дискриминација, согласно меѓународните норми и стандарди.

Извод МТСП Санела Шкријељ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.