Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шкријељ: Парламентарното мнозинство е зајакнато и стабилно

0
By Ана Василевска on February 14, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема никакви дилеми дека парламентарното мнозинство е зајакнато и стабилно, изјави денеска пратеничката на СДСМ и коалицијата, Санела Шкријељ.

Да немате дилеми дека парламентарното мнозинство е зајакнато и стабилно и дека предлозите за нови министри ќе бидат поддржани. Апсолутно да, рече Шкријељ на денешната прес-конференција во Собранието.

Пратеничката потсети дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата вчера ги усвои законите поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“.

Надминати се сите пречки и граѓаните од Македонија, Србија и Албанија сега можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без малтретирања и чекања, без административни трошоци. Ова значи унапредување на мобилноста на работната сила, но и зајакнување на конкурентноста на македонската економија и регионалната соработка. Граѓаните сега ќе имаат поголем избор на работни места, а компаниите нова зголемена база на стручен кадар кој може да го ангажираат. Сето тоа ќе влијае на намалување на невработеноста и зголемување на платите на сите три земји кои се дел од иницијативата, рече Шкријељ.

Таа истакна дека пратениците од опозицијата со неприсуството на вчерашната седница кога се гласаше за ратификација на договорите, покажуваат, како што рече, игнорантски однос кон институцијата во која работат, но и кон граѓаните и државата.

Сепак, и овие придобивки не беа доволни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да ги поддржат законските измени. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не само што не гласаа, туку и не присуствуваа во салата кога се носеа одлуките, покажувајќи еден игнорантски однос кон институцијата во која работат, но и кон граѓаните и државата. Истото го сторија и за ратификацијата на Договорот со ФРОНТЕКС, но и за измените на Кривичниот закон со кој овој закон се усогласува со Истанбулската конвенција. На ВМРО-ДПМНЕ не им се важни потребите на граѓаните и интересите на државата. Тие се заинтересирани само за одбрана на криминалот, блокирање и кочење на државата на европскиот пат. За таквиот однос неколкупати беа казнувани од граѓаните и повторно ќе бидат казнети, рече пратеничката Шкријељ.

 

 

Патрламентарно мнозинство Санела Шкријељ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.