Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шокантна снимка: Украинската полиција брутално ги тепа демонстрантите

0
By Нова ТВ on December 5, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 5, 2013 19:50


Една украинска телевизија објави снимка на која се гледа како полицијата брутално ги тепа демонстрантите.

Снимката е направена минатата недела во една киевска улица, а беше објавена вчера. На неа се гледа како полицијаците ги тепаат демонстрантите со пендреци и ги шутираат додека лежат на земја.

Веќе една недела траат демонстрациите против Владата во кои учествуваат неколку илјади луѓе, а се започна по одлуката на претседателот Виктор Јануковиќ да го замрзне процесот на зајакнување на врските со ЕУ и свртување кон Русија.

Судирите меѓу демонстрантите и полициската единица Беркут, специјализирана за растерување на демонстранти, започнаа во петокот минатата недела, кога беа повредени најмалку 35 луѓе.

Денеска неколку илјади демонстранти се собраа на главниот плоштад во Киев близу украинската Влада.

Главното истражно одделение на украинското Министерство за внатрешни работи го повика Виталиј Захарченко, министер на дотичнотото министерство на испитување поради постоењето сомневање дека украинската полиција ги пречекорила овластувањата во пресметката со демонстрантите.

Опозицијата бара оставка од Захарченко, но тој рече дека тоа не му паѓа на памет, додавајќи дека постои група на луѓе кои наскоро ќе бидат приведени поради предизвикување на немири.

Захарченко истакна дека и Димитриј Корчински, водачот на организацијата Братство, активно учествувал во демонстрациите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.