Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле во среда ќе дојде во Скопје за да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.
Освен земјава, Шоле од 11 до 17 декември ќе ги посети и Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија.
„Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот“, наведуваат од Стејт департментот.
Заедно со Шоле во Скопје се очекува да допатува и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој од вчера се наоѓа во посета на Косово.