Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шолц: Засрамен сум и огорчен од антисемитските инциденти во Германија

0
By Ана Василевска on November 9, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот канцелар Олаф Шолц во синагогата Бет Цион во Берлин на 85-годишнината од „Кристалната ноќ“, кога беше извршен големиот погром против Евреите, изјави дека е засрамен и огорчен од неодамнешниот бран антисемитски инциденти во Германија, предупредувајќи дека Берлин нема да толерира омраза против Евреите.

– Секој облик на антисемитизам го труе нашето општество, рече Шолц, кој носеше кипа, традиционалната еврејска покривка за глава што е вообичаена во синагогата за мажи.

Шолц ги повика Германците активно да се спротивстават на маргинализацијата или прогонството на Евреите денес.

– И покрај шокантната историја на холокаустот, Евреите продолжуваат да се соочуваат со дискриминација и исклучување, рече Шолц на комеморацијата по повод одбележувањето на Кристална ноќ во синагогата Бет Цион во Берлин.

– Ова е срамота. Тоа ме навредува и длабоко ме засрамува, рече Шолц.

Претседателот на Централниот совет на Евреите, Јозеф Шустер, призна дека, за разлика од пред 85 години, денес еврејскиот живот во Германија е заштитен. Сепак, тој исто така нагласи дека луѓето не сакаат да живеат зад „заштитните штитови“, јави ДПА.

– Сакаме да живееме слободно во Германија, во нашата земја, да живееме слободно во ова отворено општество, рече Шустер.

Забелешките на Шустер се однесуваат на порастот на антисемитските инциденти во Германија во месецот откако исламистичката милитантна група Хамас изврши терористички напади врз Израел. Во средината на октомври, двајца неидентификувани мажи фрлија молотови коктели врз синагога и центар на еврејската заедница во Берлин.

Денешната комеморација во синагогата се одржа под огромни безбедносни мерки. Патиштата беа блокирани, а полицијата беше во синагогата со специјалци и оклопни возила.

Антисемитизам Германија Шолц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.