Шпански мисионер кој со децении работи во болница во Либерија зболел од смртоносниот вирус ебола, сопшти шпанската хуманитарна организација Хуан Сјудад ОНГД.
Седумдесетипетгодишниот католички свештеник Мигел Пахарес бил тестиран на ебола во болница во либериската престолнина Монровиј и тестот бил позитивен, јавува АФП.
Тој е сместен во карантин заедно со уште пет други мисионери. Пахарес во емотивна изјава за SNN изјавил дека тој и останатите мисионери би сакале да бидат префрлени во Шпанија на лекување.
Светската банка ќе одвои 200 милиони долари итна помош за Либерија, Сијера Леоне и Гвинеја за да се спречи ширењето на ебола. Светската здравстена организација соопшти дека од болеста досега умреле 887 луѓе.
Болеста за прв пат се појавила во ДР Конго во 1976 година и го добила името по една тамошна река.