Шпанските скали кои требаше да се градат на плоштадот Македонија, на просторот меѓу ТЦ “Сити галери” и ресторанот “Пелистер”, станаа зграда, објавува весникот Вест.
Откако на првиот оглас не се јави ниту една фирма за изградба на скалите, под кои беше предвидено да се наоѓа деловен простор на три ката, надлежните избраа ново решение.
„За да се зголеми интересот кај фирмите, изработивме нов проект, кој сметаме дека ќе предизвика поголем интерес“, велат од Министерството за транспорт и врски.
Пријавувањето за учество на јавното наддавање за купување на оваа атрактивна парцела на плоштадот Македонија, заврши вчера. Од Министерството за транспорт и врски не добивме одговор дали овој пат стигнале понуди од фирми да ја градат новата барокна зграда.
Според проектот, зградата ќе биде висока 16 метри, односно приземје плус три ката, со комерцијално-деловна намена. Парцелата на која ќе се гради е 1.046 квадратни метри. Почетната цена на јавното наддавање е 6000 денари за квадратен метар.
Фото: Вест



