Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Шпаркасе” со МВР ги истражува пријавите за испразнетите сефови

0
By Нова ТВ on December 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 5, 2017 16:15

По денешната информација на МВР дека петмина граѓани пријавиле дека им недостасуваат пари и предмети кои ги  чувале во сефови на „Шпаркасе банка“, се огласи и Банката, која соопштува дека се спроведува истрага за случајот.

-Шпаркасе Банка Македонија заедно во соработка со Министерството за внатрешни работи,  согласно законските прописи спроведува истражна постапка во однос на изолираните пријавени инциденти во сефовското работење.

Шпаркасе Банка Македонија продолжува регуларно да ги извршува активностите во доменот на сефовското работење согласно поставените интерни процедури и законските прописи.

Банката ги преземa сите мерки за да ги заштити интересите на клиентите и да ги опслужува со висока професионалност”, соопштува Шпаркасе.

По информацијата на МВР за пријавените испразнети сефови на пет граѓани, НОВА објави дека клиентите на оваа банка се во паника и проверуваат дали и нивните сефови се испразнети. Граѓани кои чекаат ред за проверка на својот сеф за НОВА ТВ велат дека се чека повеќе од два  часа , со оглед дека се создала гужва во банката која се наоѓа во центарот на Скопје.

Вознемирен граѓанин кој исто така е во редот вели дека клиентите се нервозни и вознемирени и сакаат да ги испразнат сефовите. Она од што стравуваат дополнително е дека откако ќе ги земат парите нема засилено обезбедување и не се сигурни како ќе ги однесат на безбедно. Никој од банката засега не им дава објаснување што се случува.

Клиентите се револтирани дека од „Шпракасе банка“ не ги информирале оти се води истрага и дека можно да недостасуваат пари и од други сефови.

„Како е можно банката до сега да не не информира, туку за овој случај да дознаваме од медиуми. Можеа да не повикаат дискретно еден по еден за да си ги провериме сефовите, а не да доаѓаме во паника и  самоиницијативно“, вели скопјанец кој се уште не знае дали и од неговиот сеф нешто недостасува.

Од „Шракасе банк“а за НОВА ТВ изјавија дека во текот на денот ќе излезат со соопштение за овој случај кој го обелодени МВР. Претседател на Управниот Одбор на оваа банка е Глигор Бишев.

МВР соопшти дека веднаш по добиената пријава од петмината граѓани, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.