Шеснаесетмина осомничени во акцијата „Шпион“ добија мерка притвор во траење од 30 дена.
Истражниот судија, на еден од приведените му одреди домашен притвор поради неговата здравствена состојба. На тројцата осомничени кои не и се достапни на македонската полиција, им е одреден притвор во отсуство и по нив е распишана потерница.
Седумнаесеттемината осомничени кривично ќе одговараат за злосторничко здружување, за шпионажа и за уцена.
Судот донел одлука, истражниот процес да се одвива зад затворени врати поради доверливоста на дел од материјалите во предметот.
Вчера истражниот судија ги обврзал бранителите дека информации не смеат да изнесуваат во јавноста поради строго доверливите информации кои ќе бидат изнесувани на процесот и на записник влегло дека јавноста е исклучена, а пласирањето информации во јавност е кривично дело.
Во акцијата Шпион од понеделникот, уапсен беше Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година, Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон,
Ване Цветанов, екс директор на Агенција против перење пари, генерал Горан Стојков и Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање се останатите уапсени во оваа полициска акција.
Полицијата ги приведе режисерот Борис Дамовски, кој ноќта беше ослободен и за НОВА изјави дека полицијата коректно се однесувала со него, а дека го прашувала за врските со приведените.
Најновите шпекулации се однесуваат на соработката со грчката и унгарската разузнавачка служба, како соработници на учесниците во аферата „Шпион“ и на водачот на групата, Марјан Ефремов, неофицијално дознава „Дневник“.
Добиените информации тие ги плаќале со пари, со тоа што понекогаш како противуслуга обезбедувале одмор или забавување на клучниот актер во аферата во едно познато италијанско монденско летувалиште.
Претпоставка е дека лица од унгарската служба купените информации за состојбите во македонската држава им ги препродавале на други заинтересирани служби. Инаку меѓу лицата што комуницирале со Ефремов се среќаваат македонски политичари, меѓу кои има и претседатели на политички партии.
Актерите во случајот што пред два дена го обелодени МВР собирале и доставувале до разузнавачки служби од соседна земја на Македонија информации за радикален исламизам, за изборите и политичките случувања во земјава и за поставеност за безбедносните служби.




