Германската амбасадорка Гудрун Штајнакер со загриженост за состојбата со слободата на медиумите и изразување во Македонија.
Во интервју за Радио Слободна Европа , Штајнакер вели дека ветувањето на министерот за информатичко општество Иво Ивановски ќе биде исполнето и дека ќе ги земе предвид и забелешките на Советот на Европа и ОБСЕ кои се многу слични.
„Да бидам баш искрена, по ова прашање малку сум загрижена, ние видовме одреден развој на настаните во сопственичката структура на медиумите коишто не се во насока на поддршка на слободата на медиумите.
– Мислам дека, а сигурна сум дека владата е свесна за тоа, дека со ова треба да се справи многу сериозно. Кога ќе почнат преговорите за влез во Унијата ова прашање ќе биде еден од приоритетите“, вели за Радио Слободна Европа, Гудрун Штајнакер, амбасадорка на Германија во Македонија.
Што се однесува до новиот предлог-закон за медиуми, Штајнакер вели дека сега останува да се види колку Владата ќе ги вметне забелешките.
„Мислам дека фактот дека од меѓународниот фактор како и од медиумските институции стигнаа силни забелешки ѝ покажаа на владата дека ова е сериозно прашање и навистина се надевам дека владата тоа ќе го сфати сериозно и мојот впечаток од средбата со министерот е дека токму тоа се случува