Published: Thursday, October 24, 2013 14:12
„Ние жалиме што вчера беше спречено демократското фундаментално право да се протестира, без давање на било какво објаснување за потребата од толку силно присуство на полицијата“, изјави во реакција ексклузивно за НОВА, Гудрун Штајнакер германската амбасадорка во Македонија.
Реакцијата на Штајнакер следи по вчерашното спречување на специјалните полициски сили за одржување на протестот на новинарите пред Музејот на македонската борба во знак на револт на високата затворска казна од 4,5 години за новинарот Томислав Кежаровски.




