Штефан Филе: Оставете го минатото зад вас
Постои јасна перспектива за европксите интеграции на сите земји од регионот, порача денеска комесарот за проширување Штефан Филе на конференцијата во Даблин посветена на 10 годишнината од Солунската агенда за проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан.
Земјите кандидати треба да го искористат моментот и да покажат визија и храброст за да го остават минатото зад нив и да ги промовираат помирувањето и реформите и со тоа да го обезбедат нивното место во ЕУ, изјави комесарот Штефан Филе во Даблин.
Во оваа прилика Филе упати апел до земјите од регионот да обезбедат консензус за европската агенда.
Искуството покажа дека колку е поголем консензусот во земјата толку побргу таа се движи напред кон ЕУ. Меѓупартиската соработка е клучна за реформската агенда на секоја држава.
Тоа подразбира констуктивна опозиција а не бојкот на параментот, изјави комесарот Штефан Филе на конференцијата во Даблин посветена на проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан.