Штипското јавно претпријатие „Стипион“ како донација од град Скопје доби пајак возило. Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров вели дека возилото е веќе во Штип, а во функција ќе се стави за месец и половина.
„Ќе треба да се направат многу пропратни работи за да профункционира пајак службата. Ќе треба да направиме сертификати за луѓето кои ќе го опслужуваат, нивна обука, А тест за хидроуликата на возилото, да одредиме место каде ќе бидат носени возилата“, вели Протогеров.
Штип првпат ќе има пајак служба, а низ централното градско подрачје има околу 500 паркинг места за кои се наплаќа. Оваа бројка ќе се зголеми за уште 40 паркинг места со пуштање во функција и на новата платформа што е изградена над коритото на реката Отиња кај новиот Трговски центар.