Велешкото обвинителство отвори истражна постапка против 19 – годишник од Штип за кривичното дело – убиство во обид при вршење на семејно насилство. Како што информираат од обвинителство, тој во текот на вчерашниот ден дошол во Велес заедно со својата вонбрачна сопруга во куќа во која живеел под кирија. Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување ја прободел девојката три пати во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница, нанесувајќи и на тој начин телесни повреди, по што заминал од куќата.
Велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот. А, судот, на осомничениот му определи затворкси привор од 30 дена.