Штипскиот универзитет соопшти дека го добиле решението од страна на Државниот просветен инспекторат изготвено по направениот инспекциски надзор и во средината на следниот месец ќе постапат според него.
-По однос на решението е веќе постапено, односно рецензентските комисии ќе изготват нови извештаи согласно забелешките од Државниот просветен инспекторат, кои ги очекуваме кон средината на месец август 2014 година, врз основа на кои ќе се формализира процедурата.
Истовремено, апелираме до тројцата наши професори, доколку нивните намери се навистина искрени, во насока на задоволување на правдата, да се воздржат од понатамошно штрајкување и притисоци врз надлежните институции со цел процедурата да продолжи да се спроведува во услови коишто ќе дозволат задоволување на интересите на сите засегнати страни,се наведува во соопштението од универзитетот.
Оваа изјава стигна по 11 дена штрајк со глад во кој стапија тројцата професори Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски.
Штипскиот универитет по 11 дена се огласи неколку часа откако целото претседателство на Синдикатот за образование наука и култура на Македонија , денеска изјави дека ќе штрајкуваат со глад како поддршка за своите колеги.
Пред 11 дена тројцата професори почнаа штрајк со глад, бидејќи и покрај позитивното мислење на рецензенската комисија, научно наставничкиот совет не ги изгласа во повисоко звање.
Државниот просветен инспекторат спроведе контрола на процедурата за избор во повисоки звања на универзитет и излезе со решение дека се утврдени одредени непаравилности и дека постапката треба да се повтори.




