НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што брани “Македонскиот манифест”: иднината или (селективното) минато?

0
By НОВА ТВ Balaban on July 6, 2021 ПОЛИТИКА
FOTO Globusmagazin
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По Резолуцијата за заштита на црвените идентитетски линии во спорот со Бугарија, предложена од ВМРО-ДМПНЕ, во јавноста веќе се појавија и ставови на повеќе интелектуалци. Наш избор е размислувањето на Никица Корубин, магистер по археологија и историја на уметноста и поранешна пратеничка, објавено на неjзиниот Фејсбук профил.

 

Ова е текстот на фамозната “резолуција”, која деновиве ги занимава македонските граѓани, под преттекстот на “одбрана на македонскиот идентитет”. Составен од непринципиелна коалиција на научнорелигиозна апсурдна симбиоза, оддава впечаток на конфузност и ретроградност, кој се обидува да “дефинира” што е тоа идентитет, како некаква брана или црвена линија која треба да не’ заштити од “надворешните непријатели”. Всушност, бара начин за замрзнување на општеството во статус на непроменливост, таа убиствена строго диктирана и внимателно дефинирана национална историја. Овој текст е чиста илустрација на нашиот страв за соочување со самите себе. Поради нас, а не поради другите. Затоа, употребува “тешки и драматични” зборови и формулации, за да никој не се обиде да ги преиспита, без притоа да биде распнат како предавник и анационален. Ова е всушност наметната дефиниција за тоа што е патриотизам во стилот на добро позната ретроградност и авторитарност.

Но, она што е интересно е патот до Собранието. А, се разбира и времето кога пристигнува. Иако, составен и потпишан на крајот на минатата година, тој никогаш и не е испратен во таква форма од составувачите. Тој доаѓа преку одредена политичка партија, во опасно популистички манир, “да видиме кој ќе смее да не го поддржи”. Тоа брутално наметнување, што е добро, а што е лошо, без можност за отворена, сериозна и демократска дебата; го става Собранието, уште еднаш, во улога на обичен извршител, а не креатор на современа и оддржлива политика. Обична алатка во рацете на власта и клановите. Притоа под власт, се разбира дека се подразбира нашата семоќна партократија.

Така доаѓаме до ситуација, во време кога сме затекнати, во некој процеп, на желбите на граѓаните за нормална и функционална држава, од една страна, и очигледната и веќе нескриена “политичка воља” на партиите за несуштинска промена, односно “глумење” на промени, ама со застарени пракси на разбирање и практикување политика; на целосно заробување на општеството во вечна непроменливост. Во име на идентитетот, се разбира. Едноставно, никој нема визија, што понатаму. А, уште помалку, некој чувствува било каква одговорност за тоа.

И додека тонеме во “купи ден” реалноста, во целосното владение на партократијата, со ретроградни манифести и резолуции, кој треба во занесот на одбрана на идентитетот, кој фактички преку бруталната и примитивна негрижа кон секоја поединечна вредност во општеството, самите го уништуваме; да го замени реалниот живот и перспективата која сите ја очекувавме. Самоуништувањето е познато во нашата историја. И секогаш доаѓа, скриено позади наводната возвишеност, а всушност очајната приземност. И затоа додека се занимаваме со квази политичкиот, научен и религиозен манифест, прекроен во резолуција, иднината не’ одминува. Со истата брзина со која не’ напушти изиграната доверба и надеж. Многу брзо ќе стане видлива апсурдноста на едно општество, кое не успева да се ослободи од своите вистински уништувачи. А, тие се секогаш меѓу нас. Кој свесно, кој несвесно. Тажна судбина на неразбирање на реалната позиција и реалната политика.

Бугарија Никица Корубин резолуција спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.