Published: Monday, December 24, 2018 08:50
Мерните станици за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина утрово регистрираат високи концентрации на штетните ПМ10 честички во речиси сите делови на земјата.
Најалармантно е во скопската општина Центар каде се измерени 302 милиграми ПМ 10 на метар кубен, по што следуваат Битола со 212, реонот околу Ректораттот со 199, Струмица со 181, општина Карпош со 179, Кочани со 138 и Кавадарци со 134 милиграми на метар кубен. Не работат мерните станици во населбата Лисиче и Гази Баба каде вообичаено загаденоста е мошне висока, како и во Велес.
Апаратите на волонтерската мрежа Skopje Pulse покажуваат 181 микрограми во Бисер, 168 во Аеродром, над 200 во Гази Баба, 227 кај Излет, 170 во градски парк кај фонтана и 300 на Водно.





