Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што добива а што губи Велика Британија доколку излезе од Европската унија

1
By Влатко Чаловски on February 17, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 17, 2016 21:08

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон последните избори ги доби нагласувајќи го прашањето за референдум (Брексит/Brexit), кое тој го планира за тоа дали граѓаните сакаат да останат во Европската унија во сегашните услови на нејзино работење.

Камерон го планира референдумот кон крајот на следната година, а неговата кампања за ова прашање започна веднаш по новиот мандат со серија турнеи низ највлијателните земји во Унијата.

Како што рече тој, ќе се бори и со душа и со срце да ја задржи Велика Британија во ЕУ но само под услови да се прифатат реформите кои тој ги предлага.

За таа цел, британските медиуми постојано го испитуваат јавното мнение преку разни кампањи и анкети, а „The Week“ набројува листа ЗА и ПРОТИВ Брексит, затоа што ниедна друга земја го нема направено тоа и нема реален пример во практика што може да се очекува.

Во поглед на трговијата, една од најголемите предности на ЕУ е токму слободната трговија меѓу земјите-членки, што за британските компании е полесно и поевтино да извезуваат во Европа. Од друга страна одредени бизнис-лобисти сметаат дека ќе се заштедат милијарди фунти од членарини доколку Британија ја напушти ЕУ.

Велика Британија со излегувањето од ЕУ ризикува да ја изгуби преговарачката моќ на меѓународно ниво со напуштање на трговскиот блок, но така пак, би била слободна да воспостави трговски договори со земји кои не се членки на ЕУ.

Студија на тинк-тенк организацијата Отворена Европа, која сака да ја види ЕУ радикално реформирана, покажува дека при најлошо сценарио ако Велика Британија излезе од ЕУ, економијата би загубила 2,2 отсто од вкупниот БДП до 2030 година. Сепак, доколку успее да преговара за слободна трговија со Европа, БДП-то би можело да се зголеми за 1,6 проценти.

Кога се работи за инвтстициите, општ став е дека странските инвестиции може да се намалат до денот на гласањето поради неизвесноста на исходот и нејзините последици.

На подолг рок постојат спротивставени ставови: про-Европејците сметаат дека статусот на Велика Британија како еден од најголемите финансиски центри во светот ќе се најде под закана, додека другите го отфрлаат тоа.

Според Барклајс (Компанија за меѓународни банкарски и финансиски услуги со седиште во Лондон), евентуалното заминување на Велика Британија, ќе ја погоди економијата на самата Унија и ќе се јават анти-ЕУ движења и во други земји. Во такво сценарио, Британците би биле најбезбедна земја која ќе ги привлече инвеститорите а ќе зајакне и моќта на фунтата.

Во поглед на работните места, слободното движење на луѓе низ ЕУ отвора можности за работа британските работници кои сакаат да патуваат, како и за британските компании кои сакаат да вработат работници од други земји на ЕУ. Според партијата УКИП, ова ја спречувало Велика Британија да управува со своите граници.

Но професорот Адријан Фејвл вели дека ограничувањето на оваа слобода ќе ги спречи „најпаметните и најдобрите“ на континентот да доаѓаат во Велика Британија, и ќе се создадат сложени контроли за миграција и ќе се намали бројот на кандидати од кои работодавците денес можат да бираат.

Кога се прописите во прашање, евроскептиците тврдат дека огромното мнозинство на мали и средни фирми не тргуваат со ЕУ, но се ограничени од страна на огромното регулаторно оптоварување наметнато однадвор.

Сепак, другите предупредуваат дека милиони работни места може да бидат изгубени ако светските производители, како што се производители на автомобили, се преместат во земји од ЕУ, а Британците би можеле да загубат милијарди долари кои значат субвенции од ЕУ.

Британија би можела да загуби дел од своето воено влијание, и САД не би ја сметала за толку корисен сојузник ако таа излезе од Европа. Според „The Economist“, од друга страна Велика Британија ќе ја врати својата контрола врз риболовните води, ќе се ослободи од енергетските регулативи и ќе може да креира послободен економски пазар. „Тоа би го направил Лондон – Сингапур на стероиди“, се вели во прилогот на влијателниот британски медиум.

Сепак и оттаму потенцираат дека Обединетото Кралство би можело да остане изолирано со лимитиран пристап, без влијание и без пријатели.

И додека Британците размислуваат за ваквите консталации, за за или против излегување од Унијата, се уште се чека формулацијата на прашањето кое ќе биде поставено на референдумот.

Кој ќе може да гласа е уште едно прашање на кое Владата на Камерон ќе мора длабоко да простудира, а според досегашните најави, се знае дека ќе гласаат, Британците кои живеат во Кралството, Британците кои живеат надвор од земјата помалку од 15 години, граѓаните на Ирска, Малта и Кипар кои живеат во Велика Британија, како и граѓаните на Комонвелтот кои живеат во Гибралтар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.