Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што доколку Макпетрол падне во рацете на сомнителни бизнисмени

0
By Нова ТВ on July 25, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси два месеца јавноста во Македонија е преокупирана со случајот Макпетрол и обидот за преземање на нафтениот гигант од страна на анонимната офшор компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“. Како што веќе пишуваа новинарите-истражувачи, луѓето кои сега се обидуваат да го преземат Макпетрол, пред 13 години успеале тоа да го направат со романската „Рафо“, тогаш една од најголемите рафинерии во Источна Европа. Израелецот Ури Бидер, кој неодамна се појави на акционерското собрание на Макпетрол во име на „БПХЛ“, и во 2003 година за оваа операција користел компанија со речиси идентично име – „Балкан Петролеум“, објавува а1.он.

Под водство на сомнителните бизнисмени, започнало уништувањето на „Рафо“ – за кусо време илјадници работници останале на улица, а рафинеријата, од движечка сила на романската економија, се претворила во куп старо железо. Можноста за ова сценарио, во кое и државата и работниците во Макпетрол би изгубиле многу, и натаму предизвикува страв и нелагодност во пошироката јавност.

Што ќе се случи ако Макпетрол го снајде судбината на Рафо?

Значењето на Макпетрол за целокупната македонска економија е огромно, а огромни би биле и штетите доколку компанијата би престанала со работа. Макпетрол е најголемиот малопродажен ланец за нафтени деривати, кој покрива повеќе од 60 проценти од пазарот со горива во земјата. Покрај ова, компанијата добавува горива за преку 120 јавни институции. Во случај на прекин на испораката – училишта, болници, министерства општини, градинки и јавни претпријатија би биле блокирани со недели и месеци, додека се најде и законски се ангажира нов добавувач на горива. Некои градови и рурални региони од Македонија, како Крушево, Дојран, Пехчево, Кратово, Маврово, Јегуновце… целосно би останале без можност да се снабдуваат со нафтени деривати, затоа што Макпетрол таму е единствениот дистрибутер.

Стотици транспортни претпријатија и фирми за дистрибуција, кои имаат договори со Макпетрол, би биле спречени да работат, а стопанството целосно би се закочило. Без гориво би останале и македонските аеродроми и авиокомпаниите кои ги користат, затоа што Макпетрол е единствената компанија со која тие имаат договор за снабдување и која има регистирани возила за превоз на керозин.

Колку би изгубила државата?

Евентуалното повторување на горчливото романско искуство со „Балкан Петролеум“ и во земјава, скапо би ја чинело македонската држава и граѓаните. Макпетрол, како една од најголемите компании во земјата, е меѓу најголемите поединечни даночни обврзници. Во 2015 година, компанијата имала вкупни давачки кон државата од околу 174 милиони евра, кои во случај на престанок со работа, би престанале да се слеваат во државниот буџет.

Од оваа бројка, најголем дел сочинуваат ДДВ и акцизата, за кои Макпетрол годишно плаќа по околу 65 милиони евра давачки за државата. Компанијата издржува околу 2 000 семејства, а за плати и придонеси за вработените годишно издвојува по околу 15 милиони евра.

Кога сето ова ќе се земе предвид, повторувањето на сценариото на „Балкан Петролеум“ со романската „Рафо“ и во Македонија, би било катастрофално не само за стопанството, туку и за општеството во целина. На потег, како и сево ова време додека трае ситуацијата со Макпетрол, се државните институции. Нивна работа е да ги истражат информациите за криминал и корупција во минатото на бизнисмените поврзани со „Балкан Петролеум“ и да го заштитат македонското стопанство од сомнителниот странски капитал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.