„Што и кого сакаше да демантира ВМРО-ДПМНЕ веројатно не знаат ниту тие“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО – ДПМНЕ дека СДСМ продолжува да пласира груби лаги и измислици во обид да ги оправда скандалите за нивните водачи Радмила Шекеринска и Зоран Заев.
СДСМ: Фирмата СГС склучила 28 договори со институции под контрола на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ги оправда скандалите на Шекеринска и Заев
СДСМ, аргументирано, со документи од Бирото за јавни набавки денес објави како една фирма, блиска до ВМРО-ДПМНЕ, добива тендери од институциите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
– Дали можеби ВМРО-ДПМНЕ сака да каже дека државната институција Биро за јавни набавки лаже и грубо измислува договори за склучени набавки?, прашуваат од СДСМ.
– Дали за ВМРО-ДПМНЕ се обична измислица договорите на Бирото за јавни набавки кои покажуваат дека фирмата СГС, од државни институции предводени од ВМРО-ДПМНЕ добила 28 договори во вредност од над 1 милион евра во период од само 18 месеци?
– Дали за ВМРО-ДПМНЕ се магла и невистина 20-тендери и на кои фирмата СГС победила а била единствен понудувач?
– ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем со скандалите и аферите кои и натежнаа на Владата на Груевски, поврзани со медиумска корупција, бизнис релации власт – медиуми, криење на имоти на високи функционери на нивната партија, незаконски тендери и сомнителни јавни набавки, констатира опозицијата.




