Оптимисти сме, наидовме на заинтересираност за решавање на црковните проблеми во Австралија, изјави претседателот на здружението на црковните заедницици од Австралија, Игор Аврамовски Александров.
Како што имформираше тој вчера на администраторот на австралиската епархија, владиката Тимотеј, му доставиле нацрт-статус за регистрација на црковните општини, приготвен од правни лица за управување со непрофитни организации во согласност со австралиските закони.
„Една клучна точка е тоа што секоја црква ќе има свој свештеник назначен од надлежниот митрополит“, истакна Александров.
Сепак прашањето за статусот на расчинетите свештеници останува нерешено.
Целосното интервју околу проблемите врзани со МПЦ во Австралија ќе го гледате викендов во Студио на НОВА.




