Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што не сакаше да слушне Груевски од Вестервеле?

0
By Борјан Јовановски on February 23, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 23, 2013 14:01

Вчера, откако ја објавивме изјавата на Вестервеле за тоа дека во Скопје изразил загриженoст за ситуацијата со апел дека треба да се внимава на меѓуетничките односи и Рамковниот, добив прашање  на твитер од @Zlocko.

Gjoko Pargo ‏@zlochko
@borjanjovanovsk Зашто Вестервеле денеска во изјавава се повикува на меѓуетнички односи и Охридски договор? #wtf има тоа врска со кризава?

Не знаев баш како да одговорам во оние 140 карактера на твитер, па кусо му  вратив- ДА. Мислев дека некој од политичарите ќе почувствува одговорност пред јавноста и ќе објасни каква порака ни донесе Вестервеле. По кој знае кој пат ги преценив.

Вестервеле во Скопје дојде од Тирана. Прво таму порача дека нема играње со национализмот и границите и нема менување на гранците во Европа. Тоа беше неговата куса порака упатена до Бериша. Ден претходно пораката стигна и од Вашингтон. Од Тирана каде што пукаше во идејата за менување на границите, Вестервеле дојде во Скопје кое очигледно се нафатило да ја ора нивата на која единствено би можела да се фати таа ретроградна семка. Воопшто не ми е чудно што на Груевски му искрснаа приватни проблеми и одби да се сретне со Вестервеле. Тој се плаши од соочување со вистината која ја носеше Вестервеле.

Понатамошното компликување на политичката криза и понатамошното зголемување на интрамакедонските тензии неминовно ќе се пресели на теренот на, и онака чуствителните односи меѓу етничкитите заедници. Од тоа нема бегање. Ескалацијата на политичката криза дефинитивно ќе ја наруши единствената кохезивна сила во државата каква што е онаа за евро атлантското интегрирање.

Негативниот извештај на ЕК во април ја симнува од дневен ред Македонија од агендата на европските интеграциски процеси се до крајот на 2014 година кога ќе легне на место новата постава како во ЕК така и во ЕП. Тоа значи дека априлскиот лош извештај неизбежно го пали алармот во етнички албанската заедница, по што нивната партиципација во власта станува неподнослива. Во тој случај, без дијалог и решавање на оваа криза, се лажат и оние кои мислат дека ДУИ ќе излезе од власта и лесно ќе се оди на предвремени избори. Нерешавањето на оваа криза на цивилизиран и демократски начин, раскинувањето на ДУИ со ВМРО ДПМНЕ по априлскиот извештај повторно би водел во нова, уште пожестока криза со етнички признак .Фитилот гори и затоа Вестервеле кажа што имаше да каже и уште по нешто повеќе што сакаше да му каже на Груевски.

Во дипломатската пошта Вестервеле имаше и една анализа за економската ситуација на Македонија која е исто толку аларманта колку и оваа политичка криза. Ако добро разбрав, анализата која ја имаше Вестервеле јасно укажува на скорешната економско-социјална депресија со клинички перформанси. Кредитите тешко дека ќе можат да се даваат и понатаму. Држењето настрана на државата од евроспките интеграциски процеси во Македонија веќе кон крајот на оваа година ќе ја активира социоекономската бомба во државата која повторно како прва жртва ќе ги има меѓуетничките односи.

И сево ова во Македонија се случува во период кога токму Германија е главниот европски играч за затворање на косовското прашање. На тој план на Берлин релативно добро му оди и по сите маки сега Македонија е таа која се јавува како потенцијална закана за тој процес или како терен на кој одново треба да се разиграат националистичките карти и со тоа да се опструира процесот на Косово раководен од Берлин и Вашингтон. Тие решението го гледаат во рамките на постоечките граници. Тоа е контекстот во кој треба да се толкува доаѓањето на шеф на германската дипоматија по прв пат во изминатите 15 години.

И уште нешто. Вестервеле на Груевски сакаше да му каже и дека е време да разбере што е тоа демократска култура. Демократијата не е војна во која победикот добива се, а губитникот добива третман на воен заробеник кој не се застрелува само поради некакви си меѓународни конвеции за војување. Во оваа игра победникот само ја има честа да води грижа за сите во општеството. Во постојан дијалог, со сите различни какви што сме да се труди да ни удоволи и да ги заштитува и афирмира интересите на сите нас. Во спротивно, како што сега стојат работите, Груевски, со асистенција на Црвеновски, игра на картата на оние “конзервите” во сестринската им Европска народна партија кои тука му даваат безрезервна подршка, а во Брисел и Берлин постојано објаснуваат како православните и муслиманите културолошки не припаѓаат на ЕУ и со тој аргумет се обидуваат да го одложат колку што може повеќе проширувањето на ЕУ кон Балканот под Загреб.

Во моментов Филе помогнат од Карл Билт и уште неколкумина помали се борат да не извлечат од работ на провалијата на која висиме. Интересот на Вестервеле е Косово и во случајов, тој негов интерес коинцидира со оној на Филе и Билт. Сите други се преокупирани со своите маки. Времето истекува. Груевски и Црвенковски имаат малку време да седнат да се договорат како да се спасат од судот на историјата која ќе ги забележи како убијци на ретката шанса која му се дава на мал народ како нашиот да се афирмира и си обезбеди развој во еден поширок европски и глобален контекст.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.