Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што покажа ревизијата – како работела УЈП? 

0
By Нова ТВ on November 13, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ненаменско трошење на пари собрани од откриени неплатени даноци, само за еден вработен се плаќала обука 10 500 евра, а тој подоцна ја напуштил УЈП, одлуки за избор на  најповолен понудувач при јавни набавки во рокови кои не се законски утврдени. Ова се дел од наодите што ги објави Државниот ревизор за работата на Управата за јавни приходи во 2016 година, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

“Со извршената ревизија на финансиските извештаи на УЈП, Државниот ревизор изразува мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива“ – се посочува во новообјавениот ревизорски извештај. 

Како се трошеле парите во Ујп.. 

Со пари наменети за осовременување и опремување на даночната управа, се плаќале сметки за комуналии. Ова е една од првите посериозни забелешки и констатирани неправилности, спротивни на закон,  а нотирани во новиот објавен ревизорски извештај за работата на Управата за јавни приходи.

 “Извршени се исплати по основ на преземени обврски по фактури за комунални услуги, за греење, комуникација и транспорт во вредност од 2,6 милиони евра, што претставува 64% од вкупните трошоци за 2016 година. Ваквата состојба не е во согласност со челн 5 од Законот за Управата за јавни приходи, согласно кој средствата оставрени од откриени и наплатени даноци, како и од наплатените камати за ненавремено платени даноци, треба да се користат за осовременување, унапредување и опремување на работата на УЈП, како и за стимулирање на работата на вработените“ – се наведува во ревизорскиот извештај, пишува Portalb.mk.

Заклучно со крајот на декември, 2016 година, УЈП имала салдо на ненаплатени обврски  во изноес од скоро 1,9 милиони евра, од кои 65% не се платени во законскиот дозволен рок од 60 дена, иако на 31.12.2016 година на сметката имало неискористени близу 2,5 милиони евра.

Ревизијата констатира дека салдото на евидентирани обврски на ден 31.05.2017 година е намалено и изнесува 318 455 евра. Државниот ревизор препорачува преземање на мерки за наменско користење на средствата остварени од откриени и наплатени даноци како и приливите од наплатени камати за ненавремено платени даноци.

 Вработувања и обуки .. 

За обука на вработените во Управата за јавни приходи, во текот на 2016 година биле потрошени 27 800 евра, од кои 10 500 евра биле потрошени за обука само на едно лице.

 “Истото лице во текот на 2017 година спогодбено ја напуштило УЈП“ – пишува во ревизорскиот извештај.

 И покрај законската обврска за оценување на вработените во текот на 2016 година, според наодите од ревизијата тоа не е направено.

 “Согласно член 37 од Законот за УЈП, даночните службеници треба да бидат оценувани еднаш годишно, најдоцна до првото тромесечје од следната година за годината кој што изминала.  Вработените кои имаат статус на административни службеници задолжително треба да се оценуваат еднаш годишно, најдоцна до 1 ви декември во тековната година. И покрај законската обврска за оценување на вработените, УЈП не го спровела годишното оценување за 2016 година“ – наведуваат од државниот ревизор.

 Јавни набавки … 

Со извршениот увид во начинот на спроведување на јавните набавки согласно кои се склучени договори во 2016 година, биле опфатени 83% од вкупната вредност  на склучените договори, односно од 807 000 евра биле опфатени 674 000 евра.

“Одлуките за избор на најповолен понудувач во пет од спроведените постапки за јавни набавки не се донесени во законски утврден рок“ – се наведува меѓудругото во ревизорскиот извештај. Во одредени јавни набавки констатирано е дека е извршена евалуација на понуди врз основа на критериум кој не бил предвиден, потоа утврдени се одредени недоречености во тендерска документација поврзана со набавка на симетричен интернет.

УЈП го повикува одговорното лице да преземе мерки за доследно почитување на одредбите од Законот за јавни набавки.

 Имот и евиденција 

Во финансискиот извештај на УЈП за 2016 година бил евидентиран имот во вредност од 2,2 милиони евра.  Ревизорот наведува:

 “УЈП не раполага со  имотен лист за објектот во кој е сместена Генерланата дирекција на УЈП. Со одлука на Влада на УЈП и се доделени на трајно користење градеѓени објекти во Битола и Прилеп, за кои не се преземени активности за утврдување и проценка на вредноста на објектите и нивно евидентирање во сметководствената евиденција на УЈП. Доделените објекти се евидентирани во материјалната евиденција на УЈП.За 2016 година не е извршено осигурување на објектите во кои е сместена УЈП, што не е во согласност со Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост“ – наведува ревизорот.

УЈП ангажирала овлестено лице, проценител да изврши процена на недвижниот имот во Битола и Прилеп.Ревизорот има забелешки и во однос на запленетиот имот.

 “Не е воспоставена сметководствена евиденција на залихите на запленетиот имот во целост.

По доставените забелешки од страна УЈП во однос на ревизорскиот извештај,  дел од нив не се прифатени, бидејќи, како што информира ревизорот, не биле добиени дополнителни докази кои би ги промениле наодите а дел од забелешките ревизорот ги смета како известување за преземени активности за надминување на констатираните состојби.

 Финасиските извештаи што ги анализирал државниот ревизор го опфаќаат мандатот на тројца директори на УЈП, Кирил Миновски, Петар Есмеров и Анастасија Илиеска.

2016 Ревизорски извештај УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.