Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што предвидува Законот за употреба на јазиците

7
By Влатко Чаловски on September 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог-законот за употреба на јазиците кој вчера за прв пат влезе во Собранието, на Комисијата за европски прашања, ги скара пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата. Најголемата партија во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ за време на предизборието како главен адут го користеше овој закон дека Македонија влегува во бинационалност и кантонизација, но она што и сегашното владејачко мнозинство се согласува е дека овој закон не задира во македонскиот јазик, туку е екстензија на Охридскиот рамковен договор и им дава право на етничките заедници кои се над 20 проценти, да се служат со својот јазик.

Кои се главните одредби на законот? Иако пратениците од опозицијата тврдат дека со ова се загрозува македонскиот јазик, сепак треба да се напомене дека истиот никаде не ја запира употребата на македонскиот јазик, туку само ја проширува употребата на албанскиот за граѓаните Албанци кои во институциите ќе имаат право да се обраќаат и да бараат документи на албански јазик.

– Со законот се предвидува во сите органи на државната власт (централните институции, јавните претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии и други институции), службен јазик покрај македонскиот јазик да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Македонија, а различен од македонскиот, односно тоа е албанскиот јазик.

Со тоа се овозможува комуникација и употреба на јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните, а е различен од македонскиот, како службен пред сите органи кои што ја сочинуваат државната власт (Собрание, Претседателот на Република Македонија, Владата, судството, јавното обвинителство), Уставниот суд, Народниот правобранител, изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, полициските овластувања, радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и во други области.

– Законот ја регулира и употребата на јазикот од страна на избраните или именуваните функционери ако се во институции чие седиште е во Скопје или општини во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик. Тие во службената комуникација ќе можат да го употребуваат македонскиот јазик и албанскиот јазик во овој случај.

– Пратеник, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните (албанскиот јазик), на седница на Собранието и на седници на работните тела може да зборува и на албански.

– И седниците на Владата, на комисиите, како и на генералните колегиуми, доколку со нив претседава избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик а кој јазик го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, ќе може да ги води на тој јазик и писмо.

– Стенограмите од седница на Собранието и од седници на работни тела, како и од другите материјали и документи се издаваат и се чуваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

– Институциите се обврзани по службена должност да обезбедат употребата, комуникацијата и постапките да се одвиваат на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку граѓанинот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија.

– Веб страниците на институциите и содржината на веб страниците покрај на македонски, задолжително ќе се објавуваат и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 од граѓаните во Република Македонија.

– Називите на институциите како и сите други институции и нивните подрачни единици во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе бидат напишани на македонски јазик и на албански јазик. Ќе се пишува најгоре македонски јазик а под него и на албански.

– Книжните и кованите пари, како и поштенските марки, согласно законот, ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и на албанскиот јазик. Истото важи и за поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите, фактурите, бандеролите.

– Судските, управните, извршните постапки, постапка за извршување на санкции, предистражните и истражните постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, како и другите постапки пред судовите, јавните обвинителства како и сите други органи, тела и институции, ќе се применуваат на македонски и албански јазик. Во постапките пред нотар, нотарските исправи и заверки ќе се издаваат на македонски јазик и на албански јазик.

– Униформите на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и во општините каде живеат 20 проценти Албанци, исто така ќе бидат двојазични.

– Законските одредби предвидуваат за граѓаните кои зборуваат албански јазик образецот на личната карта да се печати и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

– На граѓаните кои зборуваат албански јазик на нивно лично барање, податоците за личното име што се внесуваат на личната карта и во пасошот се запишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

– Седниците на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии во Скопје и единиците на локална самоуправа во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, при спроведување на изборите во работата и постапките на сите комисии и други тела и институции подеднакво се користат, употребуваат и применуваат македонскиот јазик и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните и неговото писмо.

– Име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект во сите единици на локалната самоуправа каде што најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, како и во Скопје се пишува на македонски јазик, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните.

– На граничните премини на Република Македонија и аеродромите кои се наоѓаат на подрачјата каде најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот јазик ќе пишува на македонски јазик и на албански јазик.

Се предвидува и формирање Инспекторат за употреба на јазиците во состав на Министерството за правда, а предвидена е и казна во износ од 4.000 до 5.000 евра за органите како и сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон.

двојазичност закон за употреба на јазиците Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.