Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што сакаше да каже Хан на својот Твитер синоќа?

0
By Светлана Јовановска on June 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 11, 2015 13:33

Што сакаше да каже комесарот Јоханес Хан со својот “твит” испратен синоќа веднаш по крајот на преговорите во Брисел на кој учествуваа четворицата македонски политички лидери?

Доцна синоќа Хан напиша: „Сè уште нема конечен договор во преговорите за БЈР Македонија. Мошне сум разочаран од недостигот од одговорност и лидерство кај некои“.

Зборот “некои“ остана без точен одговор на Твитер синоќа но остана без прецизен одговор и кога прашањето денес беше поставено на редовниот брифинг на Европската комисија (ЕК).

Портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич одговори:

“На состанокот во Скопје редица теми беа разговарани и договорени но некои останаа за дискусија за вчера. За жал тие дискусии, се уште не доведоа до договор. Ние бараме од сите партии, во интерес на граѓаните и земјата, да најдат траен политички договор и да излезат со конкретни предлози во таа насока според договорот што беше веќе направен. Некои од договорените елементи се познати како одржувањето на предвремените избори но една од точките кои не се договорени е точната организација на влада која ќе ги подготви тие избори. Ако во детали го погледнете нашето соопштение она што е клучно е дека политичките лидери ја преземаат одговорноста која е нивна и да дојдат со компромисен предлог кој ќе дозволи земјата да напредува”, рече Коцијанчич.

Според неа “има различни нивоа на одговорност кога станува збор за лидерите кои беа на состанокот и јас нема да ви дадам ниту едно име”.

ЕК сакаше да подвлече дека оваа институција не се откажува од својата улога на олеснувач во македонската криза:

“Политичките лидери треба да ја преземат одговорноста и да дојдат со предлог. Во соопштението рековме дека ЕК е подготвена да го олеснува тој процес и ние остануваме ангажирани но во овој момент нема планиран состанок.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.