Содржината на договорот нема да биде изненадување ни за јавноста ни за политичарите, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева е децидна дека од договорот нема да биде исклучена историјата: ќе биде врз основа на автентични податоци. Ќе биде онака како што прават и други европски држави, вели таа.

За неговата содржина деновиве зборуваа министрите Димитров и Захариева.