Во Вербалната нотата, Министерството за надворешни работи на Република Македонија го известува Министерството за надворешни работи на Грција дека на 20 јуни Договорот од Преспа беше ратификуван во собранието, а на 11 јануари 2019 дека „согласно Членот 1 (3) (е), Членот 1 (4) (д). Членот 1 (11) и Членот 1 (12) од Договорот, Собранието на Република Македонија ја усвои одлуката за прогласување на уставните амандмани 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија и одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Македонија“.
Во продолжение, како што објави МИА објаснето е она што всушност Ципрас го спомена во синоќешното обраќање во Парламентот во однос на јазикот и државјанството.
Документот ги содржи одлуките за уставните амандмани, исто онака како што на 12 јануари беа објавени во Службен весник.
Како и на сите официјални документи од Македонија до Грција, така и на овој ставен е печат дека земјата „од Грција е призната како ФИРОМ/ПЈРМ“.




