Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што точно рече Хан за кризата во Македонија – интегрално

0
By Нова ТВ on June 5, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 5, 2015 17:35

Што точно рече во еврокомесарот Јоханес Хан на прес конференцијата на Атлантскиот совет во Вашингтон – НОВА обезбеди превод на целосната изјава сосе одговорите на новинарски прашања откако известувањето на МТВ предизвика реакции за точноста на пренесеното.

Поранешната Југословенска Република Македонија е најдобриот пример во негативна смисла што може да се случи доколку една земја заостанува на патот кон евроатлантската перспектива, бидејќи во 2005 година земјата го доби кандидатскиот статус како можен член на Унијата во иднина, а во 2008 на некој начин имаше индикација дека ќе се придружат на НАТО. И двете работи не се случија и последиците се видливи. Она што е потребно, и затоа јас бев ангажиран, не само поради нашите морални чувства…не се работи само за земјата туку за целиот регион. Не треба да се потцени геополитичкиот импакт ако оваа земја не функционира. Имаме голем интерес за смирување на етничките тензии и со цел барем да ја одржуваме европската перспектива во живот. Важно е да се справиме со домашните проблеми. Сега треба да зборуваме за една многу сериозна внатрешна криза и да се надеваме со договорот од вторник дека ќе го направиме значителниот чекор напред, бидејќи им понудивме „морков“, но исто така и „стап“.

Ќе ја набљудуваме земјата и нејзиното дејствување во основните области и ќе го правиме тоа додека преговараме. Во Европската Унија ги имаме таканаречените поглавја 23 и 24, кога преговараме со идните земји-членки, а овие две поглавја се работи за владеењето на правото, слободата на медиумите, независнсота на судството итн. И ќе ја примениме оваа метода, а во исто време ќе ги подготвуваме новите избори со цел да има фер и транспарентни демократски избори и се надевам дека ова ќе придонесе земјата да се стабилизира и да ја вратиме евроатланската перспектива.

На новинарско прашање за тоа кој ќе ги организира изборите и дали за ова се дискутирало на средбата во Скопје, како и големиот број обвинувања за нерегуларности од страна на сегашната владејачка партија и нивото на недоверба кое постои во Македонија, како и тоа дали разговарал со претставниците на Америка за ситуацијата во Македонија, Хан вели:

Пред се, овој договор беше потпишан не само од премиерот, туку и од опозицијата, а и двајцата лидери на албанските партии, така да овој договор е потпишан од претставниците на најголемите четири партии во земјата, а сведоци за тој договор се амбасадорот на Европската Унија и амбасадорот на САД, кој ни се придружи и беше од голема помош за да го претстави гледиштето на САД. Целосно сум свесен за ситуацијата во земјата и имаше многу дискусии помеѓу опозицијата и власта за тоа кое е најсоодветното време за избори. Има некои недостатоци кои треба да ги формулираме, треба да се осврнеме на избирачкиот список и на некои други елементи, но од друга страна, морам да кажам дека минатите избори, како и многу други во земјата и во регионот беа набљудувани од ОБСЕ и генерално имаше позитивни извештаи со мали нерегуларности, но генерално беше позитивен извештајот, а овие избори беа во април минатата година.

Во однос на прислушуваните разговори, треба да има две реакции. Едната е опозицијата да се врати во Собранието, тоа е политичката и да се справиме со ова прашање на вообичаена продлабочена политичка дебата, да се има анкетни комисии итн, и една е судска, која треба да биде спроведена според меѓународните европски стандарди и затоа понудивме и тоа беше прифатено да сите препораки од Европската Комисија бидат имплементирани, особено кога се работи за владеење на правото и независноста на судството и со цел да ги имаме не само анализата, туку и имплементацијата, потребно е време и затоа се договоривме за избори следниот април. Некој сакаа изборите да бидат порано.

Прашање: Се сомневам дека премиерот бил ентузијастички расположен за изборите како ќе пристапите доколку тие не успеат да се договорат? Успеавте да ги договорите на сериозни потези?

Не можам да кажам дека беше лесно. Јас бев јасен и отворен дека доколку нема прогрес, дека не гледам можност да се даде нова препорака во нашиот годишен извештај за напредокот на земјата, за да бараме од нашите земји-членки да ги започнеме преговорите. Го направивме тоа шест пати по ред во минатите шест години и тоа ќе биде невозможно за нас да го повториме и најверојатно тоа беше најсилниот аргумент, бидејќи се работи за европската перспектива, а со тоа да се задржи и евроатлантската перспектива, бидејќи кога се работи за членство во НАТО…НАТО се потпира на нашите проценки кога се работи за стандардите за владеењето на правото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.