Штрајкувачкиот одбор на Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија (НСММ) за утре најави целосен прекин на железничкиот сообраќај. Поради денешниот штрајк редуцирано сообраќаат возовите, но железничкиот сообраќај се одвива нормално.
„Веќе од утре машиновозачите кои прифатиле да управуваат со возовите нема да најдат замена и ќе нема услови за нормално одвивање на сообраќајот“, рече на прес-конференција Латко Јовановски, претседател на НСММ, објаснувајќи дека тоа било денеска направено бидејќи имале притисок од раководството.
Машиновозачите бараат решавање на проблемот со прераспоредувањето на машиновозачи на ниски работни позиции поради губење на правата здравствена група, исплата на платите до 25 во месецот, како и пресметка на платите според методологијата во МЖ Инфраструктура во Колективниот договор.
Според Јовановски, машиновозачите се револтирани од намалувањето на бенифицираниот стаж за четири месеци, а тоа било договорено интерно без знаење на синдикатот.



