Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штрајкот дава ефекти, Дрисла ги покачува платите за 2.880 денари од 1 јули

0
By НОВА ТВ Balaban on June 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
На вториот ден од штрајкот во јавниот сектор, зголемување на платите за 2.880 денари ќе добијат сите 190 вработени во ЈП Дрисла. Куриозитет е што ова е најава за прво линеарно покачување на платите откако функционира ова јавно претпријатие. 
– Почитувани, со оглед на тешката економска и социјална положба, ценовните шокови и инфлацијата која ја чувствуваат граѓаните, а во насока на нашите заложби за поддршка на стандардот и заштита на економската моќ на вработените, директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски ќе предложи на Управниот одбор на јавното претпријатие носење на одлука за зголемување на платите. Носењето на позитивна одлука од страна на Управниот одбор ќе значи линеарно покачување на платите за сите 190 вработени во претпријатието од 2.880 денари, почнувајќи од месец јули 2022 година. Ова би било прво покачување на платата за сите вработени откако функционира самото претпријатие, информираа денеска од Дрисла.
Директорот на ова јавно претпријатие, Јане Мицевски, за НоваТВ
изјави дека кај сите членови на Управниот одбор има расположение  на седницата закажана за 29 јуни да донесат одлука за зголемување на платите.
– Досега никогаш немало линеарно зголемување на платите на сите вработени, туку имало зголемување само на примањата на  вработени на одредени позиции. Согласно зголемувањата на цените на основните прехранбени производи, енергенсите и друго, сите во Управниот одбор посакуваат да ги зголемат платите на 190те вработени во Дрисла, ни рече Мицевски, но не прецизираше колку изнесуваат платите на вработените во ова претпријатие. 
(Љ.Б.)
ги покачува Дрисла платите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.