Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штрајкот како крик против уништувањето на јавното здравство

0
By Нова ТВ on February 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 16, 2020 09:48

Здравство и социјала како милостина“ е фељтон  на новинарката Менче Атанасова Точи кој НОВА, го објавува во продолженија, а е дел од публикација „Македонија од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“ во издание на ФООМ. Тоа се сведоштва кои говорат за едно време-невреме кое во колективната меморија ќе остане запаметено како темно, кога Европа нѐ етикетираше како „заробена држава“ , a ќе го паметиме како „загубено време“

Пишува: Менче Атанасова Точи

Штрајкот на лекарите од Клинички центар

Но, да се вратиме на состојбата и причините што доведоа до најголемиот штрајк на лекарите од Клиничкиот центар, кој се запиша во историјата на македонското здравство како еден од најхрабрите чекори во периодот на груевизмот. На 14 ноември 2012 година се случи долго најавуваниот штрајк што го поддржаа 90 проценти од лекарите во Клиничкиот центар, на кои подоцна им се придружија и лекарите во Клиничките болници во Битола и Штип и лекари од други градови од државата.

Лекарите бараа зголемување на платите и изедначување со професиите кои имаат подеднакво одговорна јавна функција, укинување на проектот за плаќање по учинок, како и претставниците на Министерството и на ФЗОМ да им се обраќаат со почит за
лекарската професија. Ова поради тоа што Тодоров отвори фронт против лекарите и кон нив се однесуваше потценувачки, не го почитуваше нивното мислење, а ги сврте и пациентите против лекарите.

Но, една од најголемите причини за штрајкот, секако, беше проектот „плаќање по учинок“. Овој проект кој се базираше на награда
и казна, кога при ист буџет на едни лекари им се одземаше од платата за да им се даде на други (што наводно повеќе сработиле според бодувањето), за лекарите беше нереален и не ја отсликуваше вистинската состојба.

„Тоа што најмногу пречеше е што со ваков начин на наградување се направи сериозен упад во нашата колегијалност и обид тимовите да се растурат со воведување на казни и дискутабилно заслужени награди. Таквиот систем се одрази на односот кон пациентите. Со скратувањетона времетраењето на прегледите нашите пациенти станаа само бројки, бидејќи бројот беше тој што кажуваше колку сме сработиле. Се обидовме да укажеме на многуте негативности кога се почна со имплементирање на недоволно испланиран и осмислен проект. Но, тоа беше без успех и направивме нешто што никој не очекуваше дека ќе се случи, направивме штрајк“, се присетува Калина Гривчева- Старделова, актуелен претседател на Лекарската комора.

Калина Гривчева Старделова, актуелен претседател на Лекарска комора

Штрајкот цел месец беше невидлив за институциите. За тоа време претставници на Синдикатот беа примени во сите странски амбасади и добија поддршка од дипломатските претставници во земјава. Околу 1.400 лекари се кренаа на штрајк, а Тодоров како казна одлучи  да не добијат плата лекарите кои нема да потпишат дека не го поддржуваат штрајкот.

Парадоксално беше што Тодоров ги прекина преговорите и иницира основање на нов синдикат, кој се обиде да му контрира на постојниот. И тука дојде до израз спрегата со судската власт која беше злоупотребена, при што беше донесена скандалозна
одлука со која се донесе времена мерка за забрана на штрајкот.

На 8 декември, кога белите мантили се собраа на масовен штрајк пред Владата, се случи контрапротест пред Министерството за здравство. По ова, Министерството за здравство успеа преку Гранковиот синдикат за здравство и фармација да стави крај на штрајкот кој траеше цели 44 дена.

Дејан Ставриќ, очен хирург:„Штрајкувавме поради уништувањето на јавното здравство“

„Штрајкот на лекарите во 2012 година беше конечен израз на незадоволството на лекарите и на здравствениот сектор во целост поради таканаречените „реформи во здравството“ од власта. Тие „реформи“, всушност, беа разнебитување на јавното здравство, кои режимската власт започна да ги воведува преку законски облик, преку бројните измени на Законот за здравствена заштита и да ги наметнува со самото свое доаѓање во 2006 година.

Дејан Ставриќ, очен хирург

Од видоизменетиот модел на „плаќање по учинок“, започнат како пилот-проект во мандатот на Бујар Османи како министер за здравство, спроведен во целост од Никола Тодоров.

Тој проект, кој и самата ВМРО-ДПМНЕ го напушти пред самиот крај на владеењето, наместо да го награди квалитетот, на власта ѝ служеше исклучиво за дисциплинирање на лекарската фела и за притисок таа да се партизира.

Имено, при исти буџети се наградуваа едни лекари на сметка на други од иста клиника, без дефинирани норми и стандарди за квалитетот на здравствената услуга. Со тоа се стимулираше квантитетот, што е спротивно на сите етички и законски норми. Во тој период работата на лекарите, освен со овој проект, беше дополнително обременета со огромна административна работа, нешто што дотогаш го правеше административниот персонал. Тој административен терор се круниса со моделот „Мој термин“ кој сам по себе во тоа време предизвика дополнителен хаос и наместо да ги скрати, ги зголеми листите на чекање.

Сите овие т.н. „реформи“ ги влошија односите лекар—пациент, како и квалитетот на здравствените услуги, а со тоа и директно
здравјето на граѓаните, што е еднакво на планиран, систематизиран геноцид. Сега јасно се гледа дека т.н. „реформи“ биле правени за да се уништи јавното здравство.

Тодоров како министер за здравство и тогашните директори ја чинат Македонија стотици милиони евра, а за мртвите, болните и инвалидите да не зборувам, тоа нема цена“, вели Дејан Ставриќ, кој беше предводник на штрајкот и претседател на Синдикатот на Клинички центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.