Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штрајкот со глад се шири низ цела Македонија

0
By Нова ТВ on July 22, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 22, 2014 14:46


Известуваат: Виолета Кожинкова од Штип, Зоран Милошески од Прилеп и Мики Трајковски од Охрид

Педесетина наставници и професори заедно со највисокото раководството на СОНК почнаа штрајк со глад од солидарност со тројцата професори од штипскиот универзитет. На универзитетските професори Крсте Шајнкоски, Маргарита Матлиевска и Александар Костадиновски, кои 12 дена штрајкуваат во регионалната канцеларија во Штип им се приклучи Маријан Костадиновски, претседател на регионалниот одбор на СОНК во Штип и преттседателката и секретарот на Регионалниот одбор на СОНК од Кочани. Останатите штрајкуваат во своите регионални канцеларии и во просториите на СОНК во Скопје.

„Ние целосно ги подржуваме барањата на тројцата професори. Остануваме до крај. Штрајкуваме во сите регионални одбори во државата, претседателите и секретарите стапуваат во штрајк со глад. Не отстапуваме се додека не се остранат констатираните кршења на законските одредби во делот на доделување на повисоки звања на професорите, од што зависи и нивниот работен однос“, вели Маријан Костадиновски од СОНК. „Ќе издржиме задно со професорите. Засега протестираме само Советот на СОНК, но имаме најави дека во штрајкот ќе ни се приклучат и граѓаните, но и колегите од другите основни организации“, вели Снежана Петрушева, претседател на на Регионалниот одбор на СОНК од Кочани.

Во знак на солидарност со тројцата професори од универзитетот во Штип, претседателот и секретарот на регионалниот одбор на СОНК од Прилеп, Ванчо Спиркоски и Николина Настеска, утринава стапија во штрајк со глад.

„Сметаме дека на тројцата универзитетски професори им е направена неправда и бараме истата да биде исправена, односно да биде постапено по решението на Државниот просветен инспекторат. Штрајкот ќе трае сѐ додека не се исполнат барањата, односно не дојде до повторување на постапката на гласање на Наставно-научниот совет врз основа на рефератот на Рецензентската комисија“, вели претседателот на регионалниот одбор на СОНК-Прилеп, Ванчо Спиркоски.

Спиркоски и Настеска ја потенцираат големата поддршка која ја добиваат од своите колеги од самиот почеток на штрајкот. И покрај тоа што многумина од нив се понудиле да им се придружат во штрајкот, регионалното раководство на СОНК се надева дека до тоа сепак нема да дојде и дека проблемот за брзо време ќе биде надминат.

Инаку, регионалниот одбор на СОНК за Прилеп ги покрива и општините Крушево, Долнени и Кривогаштани и брои околу 1.500 членови.

Во штрајк со глад стапи и раководството на регионалниот одбор на СОНК од Битола. Според зборовите на Фанче Јошевска, претседател на регионалниот одбор, уште од раните утрински часови голем број на наставници и професори од регионот ја изразиле и својата поддршка, но и подготвеност да му се приклучат на штрајкот.

Со близу 3.000 членови, регионалниот одбор на СОНК од Битола е еден од најголемите во Република Македонија. Покрај Битола, тој ги опфаќа и општините Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила.

Врз основа на одлуката на Советот на СОНК, донесена на 19.07.2014 во Скопје, во однос на протестот со глад на професорите од штипскиот универзитет,,Гоце Делчев“, Регионалниот одбор на СОНК- Охрид се солидаризира со штрајкувачите и од денес ,па се до конечната разрешница ,ќе биде активно вклучен. СОНК бара ,постапката за унапредување во повисоко звање на професорите од Економскиот факултет при УГД да се реши соодветно на Решението од ДПИ, што значи повторување само на постапката на гласање на Наставно-научниот совет и тоа врз основа на рефератот на Рецензентската комисија.

“Во Охрид денес со глад штрајкуваат десеттина членови на СОНК, а подршка има и од други колеги кои доаѓаат во канцеларијата и даваат подршка за колегите од Штипскиот Универитет. Штрајкот продолжува се до целосна разрешница на случајот и постапување по одлуката на Државниот просветен инсепкторат, изјави Ацо Речкоски претседател на регионалната канцеларија на СОНК во Охрид.
На прашање на НОВА дали има притисоцки штрајкот да се прекине, Речкоски рече дека нема никакви притисоци.

Еден од професорите- штрајкувачи со глад, Крсте Шајноски, за НОВА повика на реакција на институциите.

– Самиот факт што најголемиот Синдикат за образование , наука и култура застана позади нас тројцата професори од Штипскиот економски факултет го потврдува фактот дека се работи за случај кој не смее да се дозволи да помине незабележан од институциите на системот и токму поради тоа, истите треба што поскоро да реагираат. 

Нереагирањето од страна на институциите подразбира протежирање на самоволие и авторитарност од нивна страна, изјави Шајноски.

Советот на СОНК реши да се приклучи на штрајкот на тројцата професори, откако Универзитеот „Гоце Делчев“ најави дека решението на Државниот просветен инспекторат ќе го спроведе по годишните одмори. Во решението на Државниот инспекторат пишуваше дека се констатирани неправилности во делот на критериумите при избор поради што инспекторатот донесе решение за повторување на постапката за избор во звања, која што треба да биде согласно Закон за високо образование, Статутот и Правилникот за работа на Универзитетот ,,Гоце Делчев” – Штип. Инспекторатот побара решението да се спроведе осум дена по приемот.

Штипскиот универзитет дури вчера се огласи со соопштение. Напишаа дека го добиле решението на државниот просветен инспекторат. „По однос на решението е веќе постапено, односно рецензентските комисии ќе изготват нови извештаи согласно забелешките од Државниот просветен инспекторат, кои ги очекуваме кон средината на месец август 2014 година, врз основа на кои ќе се формализира процедурата“, стоеше во вчерашното соопштение на УГД.

Здравствената состојба на професорите од ден на ден се влошува. Досега два пати беа посетени од медицински екипи, но тие не планираат да се откажат, посебно откако ја добија подршката од Синдикатот. „ И покрај тоа што 12 дена штрајкуваме со глад се уште сме мотивирани да истраеме, а подршката од СОНК само ни го зголеми мотивот, затоа што тие ги согледаа во целина нашите интереси кои сега станаа заеднички бидејќи драстично се прекршени законските одредби од Законот за високо образование. Ова е невиден преседан, не само за 90 години постоење на високото образование во Македонија туку и во Европски рамки. Прв пат професори кои заслужено работеле во својот претходен мандат од пет години да не бидат избрани во повисоко звање. Ако се дозволи ваков преседан тогаш дефинитивно се уништува универзитетската професија во Македонија, вели Алексадар Костадиновски.

Тројцата професори претходно добија подршка и од академската јавност која смета дека со непочитувањето на позитивните рецезентски извештаи се прави законски преседан. Подршка на професорите им дават и граѓаните, но досега никој официјално не ги посетил од Универзитетот во кој работат.

Подршка за СОНК и универзитетските професори стигна и од ТМРО. „ТМРО му дава целосна подршка на СОНК во одбрана на достоинството не само на тројцата професори од штипскиот универзитет, туку и на сите универзитетски професори во Македонија. Односот кон образованието е однос кон иднината и никој не смее да си поигрува со неа. Апелираме до универзитеот „Гоце Делчев“ да се отстранат причините за натамошно зголемување на тензиите, кои само му пречат на македонскиот образовен процес“, стои во соопштението на ТМРО

Универзитетските професори се решија на штрајк со глад откако и покрај позитивните рецензии не беа избрани во повисоки научни звања, а наставно- научниот совет одлучи да не останат и на сегашните позиции. Дел од професорите кои својот потпис го ствиле на позитивните мислења за напредување, подоцна на Седницата на Наставно-научниот совет гласаа против.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.