Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штрајкот во Дрекслмаер се уште трае – менаџментот молчи

0
By Нова ТВ on May 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 13, 2014 15:52

Штрајкот во кавадаречки Дрекслмаер продолжи и денеска. Стотина вработени од втората смена се во кругот на фабриката, барајќи менаџментот да си го исполни ветувањето и да им го исплати бонусот за работа за време на велигденските празници.

Штрајкот почна синоќа, откако преку илјада работници од третата смена ги напуштија халите и излегоа надвор, одбивајќи да работат.

– Не штрајкуваа само малкумина, кои за Велигден не работеа. Ние останатите си ги бараме двете илјади денари бонус, кои ни ги вети менаџментот. Ни велат дека ни биле пресметани со последната плата, но тогаш зошто пресметки не добивме, прашува вработен во третата смена во Дрекслмаер, кој бараше да остане анонимен.

– Обезбедувањето со сила не тераше ноќеска да влеземе во халите и да почнеме да работиме. Ни се дереа на цел глас и не заплашуваа, но нема да попуштиме, рече друг вработен во Дрекслмаер.

Менаџерите на Дрекслмаер денеска не одговараа на нашите телефонски повици. Еден од нив е и Ѓорѓи Тренковски, кој денеска ги прекинуваше повиците, а потоа испрати порака дека во моментот е зафатен и дека ќе не побара подоцна. Сличен одговор стигна и од асистнентката на генералниот менаџер Љупка Ташевска. Таа рече дека чека став од менаџментот и вети оти до 14 часот ќе се јави, но тоа не се случи.

Последната информација од раководството на кавадаречки Дрекслмаер е дека во јавноста ќе излезат, откако германските газди ќе им дадат дозвола да го кажат својот став.
Вработените се жалат на малите плати во Дрекслмаер, кои се движат помеѓу 8 и 13 илјади денари за работа во викенд, во ноќни смени и на празници.

– Работиме и саботи и недели, некогаш и дополнително остануваме на работа, а ни плаќаат како да сме изработиле само 160 часа месечно, рече една работничка, која се плаши да го открие нејзиното име за да не го изгуби работното место.

Минатата недела НОВА пишуваше за оваа странска инвестиција, која беше најавувана како економски спас за вардарскиот и тиквешкиот регион.

Но, информациите за малите плати почнаа да се шират уште на стартот на работата на овој гигант во индустријата за автомобилска електрика.

Ова не е прв штрајк на вработените во Дрекслмаер. Минатиот месец стотина работници од Велес одбија да заминат на работа поради тоа што наместо два, раководството им пуштило само еден автобус во кој требало да се качат сите работници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.